Свет
Куба ќе произведува руска муниција
Русија и Куба планираат да потпишат договор за изградба на производствена линија за производство на муниција за автоматските пушки „Калашников“.
Русија и Куба планираат да потпишат договор за изградба на производствена линија за производство на муниција за автоматските пушки „Калашников“.
Според извори во руското Министерство за индустрија и трговија, производствената линија за муницијата од калибарот 7,62, која се употребува за автоматските пушки „Калашников“, но и за други типови на пушки од руско производство, ќе биде поставеа во воената фабрика „Командант Ернесто Че Гевара“ во Куба.
Изворите не прецизираа колкава ќе биде вредноста на договорот, но истакнаа дека Москва се надева во блиска иднина да го добие договорот за реновирање на сите фабрики за производство на муниција во Куба, кој беа изградени во 1970-те и 1980-те години од страна на советските експерти.
Иако кубанското раководство тврди дека нема намера да ја обнови воената соработка со Русија откако оваа ненадејно ја затвори станицата за електронско прислушување во Лурдес во 2001 година, билатералната воена соработка се подобрува од 2008 година наваму.
Началникот на рускиот генералштаб, Николај макаров, во текот на својата посета на Куба во 2009 година истакна дека модернизацијата на советската опрема на кубанската армија и обуката на воениот персонал ќе бидат во фокусот на воената соработка помеѓу двете земји. /крај/риа/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Свет
Полицијата уапси маж во Хемпшир: фрлил 50 мртви животни пред продавница
37-годишен маж е уапсен во Хемпшир откако повеќе од 50 мртви животни биле фрлени пред продавница.
Еден од вработените ја отворал продавницата кога наишол на „ужасна“ сцена, пренесува „Sky News“. Била повикана полиција која пред продавницата пронашла околу 50 мртви зајаци и други животни.
Полицајците на Хемпшир и вооружениот тим истражувале и откриле дека животните биле застрелани со огнено оружје. Дел од животните се заштитени со закон.
Полицијата синоќа соопшти дека тој се уште е во притвор.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.