Свет
Моше Кацав започна со издржувањето на затворската казна
Поранешниот претседател на Израел Моше Кацав денеска започна со издржувањето на седумгодишната казна затвор на која беше осуден заради силување, пренесоа светските агенции.
Поранешниот претседател на Израел Моше Кацав денеска започна со издржувањето на седумгодишната казна затвор на која беше осуден заради силување, пренесоа светските агенции.
Кацав беше осуден пред една година, но остана на слобода додека не ги исцрпе сите законски можности за жалби. Израелскиот врховен суд неговата жалба ја отфрли во ноември.
Шеесет и шестгодишниот Кацав е прогласен за виновен за силување на соработничката во време кога во 90-сетите години на минатиот век беше министер за туризам, како и за сексуално вознемирување на две жени кога беше претседател, за подмитување сведок и за попречување на правдата.
Беше претседател на Израел од 2000 до 2007 година, кога беше приморан да даде оставка. Тој тврди дека е невин.
Моше Кацав е прв висок израелски политичар што завршил зад решетки.
„Денеска државата Израел ‘погубува’ човек без доверливи сведочења, без докази“, рече Кацав по излегувањето од својата куќа во местото Киријат Малахи, од каде стигна до затворот Масијаху, јужно од Ерусалим.
Во отсуство на форензички докази, обвинителите речиси целиот случај го изградија врз изјава на сведоци. Правните експерти наведуваат дека пресудна улога имале сличностите во исказите на жртвите кои меѓусебно не се познавале. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.