Свет
САД повикуваат на воздржаност и мир на најавените протести во Русија
САД во петокот навечер ги повикаа руските власти но и противниците на премиерот Владимир Путин на воздржаност пред одржувањето на протестите со кои противниците на актуелната власт сакаат да го изразат незадоволството
САД во петокот навечер ги повикаа руските власти но и противниците на премиерот Владимир Путин на воздржаност пред одржувањето на протестите со кои противниците на актуелната власт сакаат да го изразат незадоволството и да ги оспорат резултатите од минатонеделното гласање на парламентарните избори.
Рускиот премиер Владимир Путин во четвртокот ги обвини САД и особено државната секретарла Хиалри Клинтон која во два наврата изјави дека има неправилности во гласањето, дека го поттикнуваат неоснованото според него оспорување на резултатите од гласањето за државната Дума.
Портпаролката на американскиот Стејт Департмент, Викторија Ноланд во петокот навечер потсети дека САД го поддржува правото на Русите и на сите други народи на мирни протести.
„Од демонстрантите, но и од припадниците на силите за безбедност бара,е да имаат на ум дека протестите треба да се одржат во мир“, рече Ноланд.
Клинтон во четвртокот ги отфрли обвинувањата на Путин дека Вашингтон ги финансирал руските опозициски групи.
Како што рече рускиот премиер Владимир Путин, сигналот за разните активисти во земјата е даден од страна на американската државна секретарка Хилари Клинтон, која во понеделникот остро го критикуваше начинот на кој се одвивале руските парламентарни избори за наводни изборни измами.
„Чекаа сигнал, и со поддршка на американскиот Стејт департмент, тргнаа во акција …Зборуваме за луѓе кои одат во Америка, а потоа таму ги подучуваат, добиваат пари, ги снабдуваат со опрема, а потоа доаѓаат тука и предизвикуваат провокација за да ги повлечат луѓето на улица“, изјави во четвртокот Путин нагласувајќи дека треба да важат законите, но дека е убеден дека Русите не сакаат ситуации на хаос какви што имаше во Киргистан или во Украина.
Руската опозиција во петокот најави протести за во сабота во поголемите градови во кои се најавени десетина илајди демонстранти коишто ќе го изразат незадоволсвото од победата на владејачката Единствена Русија на изборите од 4-ти декември.
Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија во петокот навечер ги соопшти официјалните резултати од последните парламентарни избори, според кои Единствена Русија на премиерот Владимир Путин освои 238 пратенички места од вкупно 450.
Комунистичката партија е втора со 92 пратеника, Праведна Русија доби 64, а Либерално демократската партија 56. Останатите партии не го поминаа изборниот цензус.
Во претходниот парламентарен состав Единствена Русија имаше 315 пратеници, Комунистичката партија беше втора со 57 пратеника, Праведна Русија доби 38, а Либерално демократската партија 40.
Еден од членовите на ЦИК побара смена на претседателот на Комисијата, Владимир Чуров, поради изборен фалсификат, но таквото барање беше отфрлено.
Воедно беа отфрлени и жалбите на партијата Јаблоко, која не влезе во Думата, за кршење на изборните правила во околу 500 избирачки места од вкупно околу 95 илјади избирачки места./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.
Регион
Барале 25.000 евра за да дадат информации за исчезнатото девојче: детали за апсењето на три лица во БиХ
Припадниците на полицијата привеле три лица, кои се осомничени дека преку ТикТок објавиле дека се поврзани со исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) во Србија.
„Федералната полициска управа, постапувајќи според актот на НЦБ Интерпол Белград, презеде мерки и дејствија од нејзина надлежност, што резултираше со лишување од слобода на три лица на територијата на Хаџиќ, Сараево“, беше потврдено и кои се сомничат дека имале сознанија за исчезнување на малолетно девојче од Србија.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа, ги лоцирале по пат на ИП адреса лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на малолетно девојче, односно барале 25.000 евра за откривање информации.
„Малолетното девојче не е пронајдено на територијата на Хаџиќ, а кривичната истрага за лицата лишени од слобода е во тек“, изјави сојузниот инспектор Ервин Мушиновиќ.
Девојчето Данка Илиќ (2) во вторникот исчезна во Бањско поле кај Бор.
Оттогаш, потрагата по неа трае, а во Србија за прв пат е активиран системот амбер алерт.