Контакт

Свет

Во Русија се одржаа првите протести на крајниот исток

Објавено пред

Неколку илјади руски граѓани учествувале во саботата наутро на првите протести на крајниот исток од земјата во Сибир, на кои се спротиставија на изборните резултати, но во некои градови полицијата уапсила десетина граѓани под изговор дека не се придржувале до најавата за одвивање на протестите.

dobivaj vesti na viber

Неколку илјади руски граѓани учествувале во саботата наутро на првите протести на крајниот исток од земјата во Сибир, на кои се спротиставија на изборните резултати, но во некои градови полицијата уапсила десетина граѓани под изговор дека не се придржувале до најавата за одвивање на протестите. Петстотини луѓе организирани преку социјалните мрежи се собраа во најголемото руско пристаниште на Пацификот, Владивосток, коешто е седум врменски зони одалечено од престолнината Москва. Тие носеле слогани „Поништете ги изборните резултати“ и „Фалсификаторите во затвор“ .Во Хабаровск, голем град на рускиот далечен исток, според западните медиуми имало собрано неколку стотини противници на владејачката партија Единствена русија на премиерот Владимир Путин, кои биле растерани од полицијата. Руските медиуми, пак јавуваат за 60 демонстранти од кои биле приведени 30-ина Агенцијата РИА Новости известува дека главно протестите биле мирни со најмогу 20-ина приведени. Агенцијата Интерфакс, пак, наведува дека во градот Благовјешченск имало неколку десетици демонстранти, а околу 200-ини излегле на улицата на градот Чита, во источен Сибир. Таму биле приведени две лица.Во сибирскиот град Томск, според АFP која се повикува на опозициски активисти со кои контактирала телефонски, имало 500 демонстранти, додека руските агенции велат дека таа бројка изнесувала 1.500 лица и дека минала без никаков инцидент.Исто така, руските медиуми велат дека бројката демонстранти во градот Челјабинск била околу илјада, што е повеќе отколку што јавуваат опозициските активисти, а во градот Перм биле приведени 14 од неколку стотини демонстранти поради непријавените протести. Во Архангелск, исто така, на протестот учествувале околу 200 лица. Во милионската Москва за сабота претпладне од страна на опозицијата е најавен протест на околу 30 илјади луѓе, додека РИА Новости повикувајќи се на московската полиција пренесува дека во 14,30 часот по локално време (11.30 по македонско) на плоштадот Балотној имало собрано 15 илјади активисти на опозицијата , и уште околу стотина на плоштадот на Револуцијата.Руската опозиција протестира за наводна изборна измама на изборите за државната Дума од 4-ти декември. На нив надмоќно повтроно победи Единствена Русија на Владимир Путин, но со далеку послаб резултат од претходните парламетарни избори губејќи околу 70-ина мандати . Вашингтон, САД во петокот навечер ги повикаа руските власти но и противниците на премиерот Владимир Путин на воздржансот пред одржувањето на протестите со кои противниците на  актуелната власт сакаат да го изразат незадоволството и да ги оспорат резултатите од минатонеделното гласање на парлаемнтарните избори. Рускиот премиер Владимир Путин во четвртокот ги обвини САД и особено државната секретарла Хиалри Клинтон која во два наврата изјави дека има неправилности во гласањето,  дека го поттикнуваат неоснованото според него оспорување на резултатите од гласањето за државната Дума.Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија во петоk навечер ги соопшти официјалните резултати од последните парламентарни избори, според кои Единствена Русија на премиерот Владимир Путин освои 238 пратенички места од вкупно 450.Комунистичката партија е втора со 92 пратеника, Праведна Русија доби 64, а Либерално демократската партија 56. Останатите партии не го поминаа изборниот цензус.Во претходниот парламентарен состав Единствена Русија имаше 315 пратеници, Комунистичката партија е втора со 57 пратеника, Праведна Русија доби 38, а Либерално демократската партија 40./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова

Објавено пред

Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.

Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.

Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.

Прикажи повеќе...

Европа

Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга

Објавено пред

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.

dobivaj vesti na viber

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.

Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари

Објавено пред

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.

dobivaj vesti na viber

„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.

Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.

„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.

„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија1 час

Евидентирани 12 случаи на фотографирање гласачко ливче, шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање, соопшти Тошковски

Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денешниот изборен ден поминал во безбедна, мирна и демократска атмосфера. Како што рече,...

Македонија1 час

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија2 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија2 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија2 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија3 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија3 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија3 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија3 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија4 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија5 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија7 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија9 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија9 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија9 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија11 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија11 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион11 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...