Свет
Првпат подигнато палестинското знаме пред седиштето на УНЕСКО
Со интонирање на химната, палестинското знаме денеска е кренато првпат пред некоја организација на Обединетите нации(ОН), пред седиштето на УНЕСКО во Париз, каде што Палестинците на 31 октомври станаа полноправна членка.
Со интонирање на химната, палестинското знаме денеска е кренато првпат пред некоја организација на Обединетите нации(ОН), пред седиштето на УНЕСКО во Париз, каде што Палестинците на 31 октомври станаа полноправна членка.
Свеченоста на кревање на знамето беше одржана напладне, во присуство на претседателот на палестинската самоуправа Махмуд Абаз и министерот за надворешни работи Ријад ал-Малики, со изведба на палестинската химна.
Палестинците овој настан го сметаат за дипломатски успех на патот кон признавањето на нивната идна држава.
САД го прекинаа финансирањето на УНЕСКО заради приемот на Палестина. Со блокадата, УНЕСКО е покусо за 22 отсто од приходите и има кусок од 65 милиони долари веќе од 2011 година, а 143 милиони долари за 2012 и 2013 година. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.