Свет
Русија официјално примена во СТО
Русија е официјално примена во Светската трговска организација (СТО – WTO) , откако во петокот попладне протоколот за пристапување на земјата го потпишаа министерот за економски развој на Руската Федерација, Елвира Набиулина и челникот на организацијата, Паскал Лами, објави вечерва РИА Новости.
Русија е официјално примена во Светската трговска организација (СТО – WTO) , откако во петокот попладне протоколот за пристапување на земјата го потпишаа министерот за економски развој на Руската Федерација, Елвира Набиулина и челникот на организацијата, Паскал Лами, објави вечерва РИА Новости.Документот беше потпишан по 18 години преговори во присуство на првиот заменик на рускиот премиер, Игор Шувалов, претседателот на Швајцарската Конфедерација, Мишлин Калми-Ре, како и министрите од сите земји членки на организацијата СТО.Претходно во петокот министерската конференција на СТО ги одобри сите документи во врска со приклучувањето на Русија во оваа меѓународна организација, вклучувајќи ги и заложбите за слободен пристап на пазарите на стоки и услуги. По долгите преговори во кои западните земји особено САД се залагаа за прием на Русија во организацијата, којшто беше блокиран од поранешната советска република Грузија која се противеше поради војната меѓу двете земји пред две години, сега претстои постапката за ратификација на документи на Руската Федерација. По 30 дена, откако ќе заврши ратификацијата, Русија ќе стане полноправна членка на оваа меѓународна организација со сите нејзини придружни права и обврски.Претставници на руските власти посочија дека тоа би можело да се случи до летото 2012 година.Русија, по влезот во СТО, ќе добива дополнително по две милијарди долари годишно во текот на неколку години од повратот на загубената добивка од извозиот, а руската економија ќе бележи раст за сметка на зголемување на бројот на средната класа во светот, изјави денеска во интервју за телевизијата Russia Today, веднаш по приемот на земјата, потпретседателот на Руската унија на индустријалци и претприемачи, Игор Јиргенс./крај/рн/рт/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел
САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на Палестинците и да ги принудат да му се покорат на Израел, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.
„Со користењето на ветото по петти пат од почетокот на ескалацијата во Газа, тие повторно го покажаа својот вистински однос кон Палестинците. Според мислењето на Вашингтон, тие не заслужуваат да имаат своја земја“, изјави Небензја.
Тој истакна дека Палестинците се само пречка на патот кон остварување на интересите на Израел.
„САД се подготвени да ги затворат очите пред злосторствата на Израел врз цивилите во Газа, да го игнорираат илегалното населување на Западен Ерусалим на Западниот Брег. Целта е да се скрши духот на Палестинците, да се натераат безусловно да се потчинат на окупаторската власт, да се претворат во слуги и луѓе од втор ред, а можеби и целосно да се искоренат и протераат од нивната родна земја“, изјави Небензја по гласањето за нацрт-резолуцијата за прием на Палестина во ОН.
Како што истакна, резултатот од гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прием на Палестина во ОН како полноправна членка покажува дека САД се речиси целосно изолирани.
„Страдањата на палестинските цивили одекнуваат во срцата и душите на милиони луѓе ширум светот. Во земјите кои доставуваат оружје за Западен Ерусалим се почесто се слушаат гласовите на оние кои се за забрана на таквите испораки. Резултатите од гласањето, кога Вашингтон се најде речиси целосно изолиран, зборуваат сами за себе“, рече рускиот дипломат.
Тој оцени дека американското вето е „неплоден обид да се запре неуморниот тек на историјата“.
„Гледајќи низ прсти на најнепромислените постапки на нашиот сојузник (Израел), немањето желба за барање праведни решенија е директен пат кон натамошно лизгање во бездната на војната што може да го зафати целиот регион“, рече Небензја.
Тој рече и дека таквата политика е недостојна за една голема сила.
„Историјата нема да ви го прости тоа. Ги повикуваме САД да го слушаат гласот на разумот и да размислат за последиците од нивните одлуки“, рече Небензја.
Свет
Потврдено: Нема штета на иранските нуклеарни постројки
Нема штета на иранските нуклеарни постројки, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН.
Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека ја следи ситуацијата „многу внимателно“ и повика на „екстремна воздржаност“.
IAEA can confirm that there is no damage to #Iran’s nuclear sites. DG @rafaelmgrossi continues to call for extreme restraint from everybody and reiterates that nuclear facilities should never be a target in military conflicts. IAEA is monitoring the situation very closely. pic.twitter.com/4F7pAlNjWM
— IAEA – International Atomic Energy Agency ⚛️ (@iaeaorg) April 19, 2024
Свет
Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел
САД го ограничија патувањето за персоналот на нивната амбасада во Израел и членовите на нивните семејства „од претпазливост“ по извештаите за израелски одмазднички напад врз Иран.
Амбасадата соопшти дека на персоналот им било кажано да не патуваат надвор од поширокиот регион на Тел Авив – вклучувајќи ги Херцлија, Нетања и Дури Јехуда – и областите Ерусалим и Беер Шева до понатамошно известување.
„Безбедносната средина останува сложена и може брзо да се менува во зависност од политичката ситуација и неодамнешните настани“, се вели во соопштението објавено утрово.