Свет
Во несреќата на руската нафтена платформа веројатно 50 загинати
Во несреќата на руската нафтена платформа Колскаја која во неделата потона при нејзинот транспортирање во Охотското Море, најмалку 50 луѓе се водат за исчезнати и се смета дека загинале.
Во несреќата на руската нафтена платформа Колскаја која во неделата потона при нејзинот транспортирање во Охотското Море, најмалку 50 луѓе се водат за исчезнати и се смета дека загинале.
Како што пренесуваат во неделата навечер руските медиуми, фунцкионери од спасувачките служби изјавиле дека еден мразокршач и реморкер успеале да спасат 14 работници од плтформата на којашто во текот на несреќата имало 67 лица, а од морето извадиле четри тела.
Остатокот од персоналот на платформата се водат како исчезнати, но бидејќи температурата на морето е само еден Целзиусов степен, се смета дека непронајдените работници од Колскаја имале само 30 минути време до настапувањето на смртта од смрзнување.
„Колскаја се навали и потона за 20 минути. Длабочината на морето на место на несреќата изнесува 1.042 метри“, се наведува во соопштенеито на руската агенција за поморски сообраќај, што ја цитира РИА Новости.
Руските медиуми пренесуваат дека платформата при нејзиното теглење од Камчатка по бура се превртила и потонала на далечниот исток на Русија, околу 200 килоемтри од брегот на Сахалин.
„Претседателот Дмитриј Медведев нареди пружање на секоја потребна помош на жртвите од несреќата на платформата и покренување истрага за околностите во кои се случи губењето на платформата“, соопшти Кремљ.
Руската федерална истражна комисија којашто одговара директно пред претседателто Медведев, соопшти дека ќе ја истражува несреќата и ќе ги испраша спасените работници, како и одговорните за организирање на транспортот на платформата.
„Се верува дека причина за несреќата е кршењето на безбедносните прописи во текот на теглењето на палтформата за бушење, како и теглењето без земање предвид на времеснките услови“, соопшти истражната комисија.
Платформата ја влечеше реморкерот „Нефтегаз-55“ на компанијата „Арктикморнефтгазразведка“ (АМНГР) која е и сопственикот на потонатата платформа. Реморкерот кој учествуваше во акцијата на трагање и спасување мораше да се повлече откако големите бранови го оштетиле неговиот труп. Откако се стемни повлечен е и тимот за трагање од воздух, а потрагата по евентуално преживеаните ќе продолжи во понеделник наутро.
Бидејќи платформата во времето на несреќата не беше активна, нема излевања на нафта./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.