Свет
Русија успешно лансираше интерконтинентален проектил
Русија во петокот успешно ги тестираше своите два нови интерконтинентали проектила од типот „Булава“ и во најблиско време се планира нивно вклучување во арсеналот на рускат армија.
Русија во петокот успешно ги тестираше своите два нови интерконтинентали проектила од типот „Булава“ и во најблиско време се планира нивно вклучување во арсеналот на рускат армија.Руското министерство за одбрана соопшти дека 12 метри долгите интерконтинентални ракети „Булава“ коишто треба да станат во најскоро време сржта на рускиот нуклеарен арсенал, биле истрелани од подморница во Белото Море на Акртикот и ја погодиле целта на полигонот на полуостровот Камчатка на рускиот Далечен исток. „Лансирањето на прокетилите беше извршено од нурнатата подморница „Јуриј Долгорукиј“ во Белото Море. Нивните боеви глави го досегнаа до полигонот (целта) во предвиденото време“, изјави портпаролот на министерството за одбрана Игор Канашенков, пренесува РИА Навости.Ракетите носеле симулирани боеви глави наместо нукеларни, бидејќи Русија е потписничка на Договорот за забрана на нуклеарните проби (CTBT) кој ги забранува сите нуклеарни експлозии.Лансирањата на„Булава“ беа упешни 11 пати во 18-те претходните проби, што ја доведе во прашање оваа скапа ракетна програма. Претходното лансирање во јуни од истата подморница исто така беше успешно. Сега, според извор на агенцијата од министерството за одбрана, тестирањето ќе продолжи во мај 2012 година, а во вооружувањето на армијата овој вид проектил се планира во најскоро време. Проектот започна во 2004 година, а во 2011 година сите четири лансирања од истата подморница „Јуриј Долгорукиј“ беа успешни. Претходно лансирањето се вршеа од стратешката подморница „Дмитриј Донској“. Според извор на агенцијата од државната комисија што го следи овој проект „следните денови внимателно ќе бидат анализирани вчерашните лансирања“, меѓутоа „уште сега може со сигурност да се каже, дека во најскоро време ‘Булава’ ќе влезе во вооружувањето на воената морнарица на Русија“. Проектилот „Булава“ е тежок 36,8 тони, неговиот дострел изнесува осум илјади километри а носи од 6 до 10 нуклеарни боеви глави, кои може да имаат ефект 100 пати помоќен од атомската експлозија со која во 1945 година американските бомбардери ја уништија јапонската метропола Хирошима.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции”
Во интервју за Асошиетед прес, тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето кои се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафах нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот Искандер
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Илја Јевлаш во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил Искандер-К, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на Телеграм гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија Украинските железници Укрзализница на Телеграм.
Свет
(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир
Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по неговиот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.
На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.
Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.
„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа и треба мир. Да оставиме овој гулаб да не обедини сите“, рече Радачовски.
Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.
Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Зелените, го критикуваше велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.
„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.
Додека птицата леташе низ салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.
Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.