Свет
Ештон од Украина бара почитување на правната држава
Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика во саботата изјави дека жали што не е прифатена жалбата на лидерката на украинската опозиција Јулија Тимошенко
Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика во саботата изјави дека жали што не е прифатена жалбата на лидерката на украинската опозиција Јулија Тимошенко и ја потсети Украина дека почитувањето на правната држава е клучно за подобрување на односите со Европската унија.Кетрин Ештон изјави дека е загрижена поради тоа што украинскиот апелационен суд ја поддржа пресудата против поранешната премиерка Јулија Тимошенко и седумгодишната затворска казна за неа, и додаде дека во жалбената постапка адекватно не било одговрено на пропустите од првото судење. Ештон ијзави дека жали што Тимошенко ќе биде спречена да учествува на парламентарните избори идната година.„Прашањето на селективната правда во Украина и натаму бара внимание“, реч Ештон.ЕУ оваа седмица го одложи потпишувањето на договорот за придружување и слободна трговија со Украина, изјавувајќи дека оваа држава прво мора да се реши прашањето на затворањето на лидерката на опозицијата.Ештон, исто така, го истакна заклучокот од заедничката изјава од самитот на Унијата и Украина од 19-ти декември, дека почитувањето на правната држава ќе бидат од клучна важност за брзината на украинското придружување и стопански интеграции со ЕУ. Поранешата украинска премиерка Јулија Тимошенко на 11-ти октомври беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на овластувањата и положбата при склучување договори за набавка на гас со Русија во 2009 година и во моментов е на издржување на казната. Таа беше притворена во почетокот на август.Пред две седмици Тимошенко доби уште едно обвинение кое се однесува на затајување данок и кражба на јавни средства сторени во периодот од 1996 до 2000 година.Даночната полиција на Украина на почетокот од ноември ги обнови истрагите во четири кривични предмети против поранешната премиерка Јулија Тимошенко, кои се однесуваат на затајување данок во втората половина од 1990-тите, кога таа ја водеше компанијата „Обединети енергетски системи на Украина“.Тимошенко, исто така, е обвинета и за злоупотреба на положбата во соединето дело по обвинение за нелегално користење на парите добиени од продажбата на квотите за емисија на стакленички гасови доделени на Украина во рамките на Протоколот од Кјото и нелегалното, според украинскиот јавен обвинител, купување на амбулантни возила по повисоки цени. Исто така, уште се води истрага за двата случаи кои се однесуваат на управувањето на Тимошенко со компанијата за увоз на природен гас „Обединети енергетски системи на Украина“ во 1990-те година.Претходно беше објавено дека на даночната полиција на Украина официјално отвори истрага во случајот против поранешната премиерка Тимошенко за неплаќање на данок во висина од 2,5 милиона долари. Даночната полиција открила неплаќање на даноциите од страна на корпорацијата кои биле извршени во времето која таа била раководена од Тимошенко.Во средината на октомври, Службата за безбедност на Украина, исто така, соопшти дека иницирала нова кривична постапка против Тимошенко. Според истрагата, овојпат станува збор за долг од 405 милиони долари, кој во 1996 година го сторила корпорацијата „Обединети енергетски системи на Украина“ спрема министерството за одбрана на Русија во периодот кога со неа раководела Тимошенко. Според соопштението на Службата за безбедност на Украина, Тимошенко е обвинета за тоа што како претседател и де факто сопственик на корпорацијата, по претходен договор со поранешниот премиер Павел Лазаренко извршила обид за проневера и оштетување на државниот буџет на Украина во голем обем./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Си-Ен-Ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти Пентагон.
Повикот бил упатен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад внатре на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува никаква дискусија за плановите на Израел за овој напад, пренесува Си-Ен-Ен.
Неименуван висок американски функционер изјави за Си-Ен-Ен дека Израел во четвртокот ја информирал Америка дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува оваа акција на Тел Авив.
Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран.
Новинската агенција „Фарс“ објави дека се слушнале „експлозии“ во близина на меѓународниот аеродром во Исфахан. Провинцијата Исфахан е дом на голема воздухопловна база, голем комплекс за производство на ракети и неколку нуклеарни локации, наведува Би-Би-Си.
Израелската војска соопшти дека „засега нема коментар“ за извештаите за експлозии во Иран. Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан изјави неколку часа пред да се слушнат експлозиите дека доколку Израел преземе каква било воена акција, одговорот на Техеран ќе биде „веднаш и на максимално ниво“, пренесува Танјуг.
Свет
Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД
Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави.
Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава на својата платформа „Truth Social“ го посвети на поплаките дека европските сојузници на САД не трошат доволно за поддршка на Украина. Некои десничарски републиканци ја протолкуваа најавата како сигнал дека тој се противи на сегашниот пакет помош, иако Трамп експлицитно не го кажа тоа.
Сепак, објавата се чини дека е едно од првите признанија на Трамп дека опстанокот на Украина е важен безбедносен интерес на САД, оценуваат тие. Минатата година, кога беше прашан за конфликтот во интервју за Си-Ен-Ен, Трамп одби да каже дали сака Украина да ја добие војната со Русија.
„Зошто Европа не може да даде иста сума пари колку што инвестираа САД за да и помогнат на земјата во очајна потреба“, напиша тој.
„Како што сите се согласуваат, опстанокот и силата на Украина треба да ѝ бидат многу поважни на Европа отколку на нас, но тоа е исто така важно за нас“, напиша тој.
Објавата на Трамп дојде еден ден откако ја пофали Полска, по средбата во кулата Трамп во Њујорк со полскиот претседател Анджеј Дуда. Поранешниот претседател и полскиот лидер разговараа за предлогот на Дуда членките на НАТО да трошат најмалку 3 отсто од својот бруто домашен производ за одбрана, изјави претставник на кампањата.
Во моментов од нив се бара да потрошат најмалку два отсто од БДП.
Републиканскиот претседател на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, рече дека тие ќе гласаат за пакетот помош за Украина во сабота, и покрај жестоките приговори од десното крило на неговата пратеничка група.
Свет
(Видео) Светски медиуми: Израелски проектил го погоди Иран
Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми.
Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни медиуми објавија рано денеска дека нивните сили ги уништиле беспилотните летала.
Ова се случува неколку дена откако Иран изврши одмазднички напад со дрон врз Израел. Извор изјави за Ројтерс дека САД не биле вклучени, но дека Израел ги информирал пред нападот.
Иранската новинска агенција „Фарс“ објави дека три експлозии се слушнале во близина на воена база во централниот град Исфахан.
Ирански функционер изјави за Ројтерс дека немало ракетен напад и дека експлозиите се резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.
Иранската државна телевизија објави дека нешто по полноќ „на небото над Исфахан биле забележани три дронови“.
„Системот за противвоздушна одбрана беше активиран и ги уништи овие дронови на небото“, пренесе медиумот.
Телевизијата подоцна соопшти дека ситуацијата во Исфахан е нормална и дека немало копнени експлозии.
Израелската армија не ги коментираше извештаите.
Си-Ен-Ен пишува дека Израел го извршил нападот внатре во Иран, а тоа го изјавил американски претставник за оваа мрежа.
Си-Ен-Ен тврди дека станува збор за потег кој се заканува со дополнително ескалирање на регионалниот конфликт.