Свет
Судири поради сегрегацијата во Израел
Во понеделникот попладне избувнаа судири меѓу израелските полициски сили и неколку стотици ултраортодоксни Евреи во градот Беит Шемеш, во близина на Ерусалим, пренесува AFP повикувајќи се на локалните медиуми.
Во понеделникот попладне избувнаа судири меѓу израелските полициски сили и неколку стотици ултраортодоксни Евреи во градот Беит Шемеш, во близина на Ерусалим, пренесува AFP повикувајќи се на локалните медиуми. Полицијата во понеделникот ги засили патролите по безредијата кои последните денови ги предизвикува дискриминацијата на жените којашто ја наметнува радикалната група. Во понеделникот, исто така, беа приведени двајца демонстранти, а биле уапсени и двајца жители на две различни населби во Беит Шемеш.Околу 300 ултраортодоксни жители на Беит Шемеш ги гаѓале со јајца полицајците, телевизиските екипи и ги палеле контејнерите со ѓубре, пишува интернет изданието на израелскиот весник Haaretz. Судири имало и во соседните градови, откако репортери на телевизијата Channel 10 се обиделе за вестите да снимат дел од населбата. Екипата била опколена од ултраортодоксните жителите кои почнале да ги малтретираа репортерите, кои веднаш повикале на помош полицијата. Полицајците пристигнале на местото на инцидентот и се судриле со жителите кои се испречиле пред нив со цел да ги заштитат оние што полицијата се обидела да ги приведе за сослушување.Во неделата репортерската екипа на телевизијата Channel 2 беше нападната додека ги снимаше ознаките со кои жените се предупредуваат да не се движат и задржуваат пред синагогите. Еден од ултраортодоксните жители кој живее во близината, изјави за весникот дека знакот бил поставен уште пред шест години. Тој додава дека неговата цел не е да им се забрани на жените да минуваат по улицата, туку да се воздржат од задржување пред светилиштето.Во градот Беит Шемеш, исто така, се истакнати повеќе натписи со кои од жените се бара да се облекуваат според принципите на ортодоксниот јудаизам, односно да носат горна облека со долги ракави и долги фустани. Оваа ултраортодоксна фракција неодамна ги радикализираше своите истапи и се залага за сегрегација на жените и мажите, која според нивните толкувања во одредени случаи ја наложува еврејскиот закон Халака. Во последните месеци имаше повеќе информации за инциденти во кои ултраортодоксните жени биле жртви на физички и вербални напади откако одбиле да седат во задниот дел од автобусите. Сегрегацијата на автобуските правци со кои патуваат ултраортодоксните е воведена во 1980-те./крај/афп/ха/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Принцот Вилијам проговори за Кејт Мидлтон: „Жал ми е што не е тука со нас“
При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.
Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.
Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.
„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.
Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.
По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.