Свет
Муслиманското братство сака заштита за црквите за Божик
Влијателното египетско движење Муслиманско братство во средата објави дека сака да ги заштити црквите во текот на кога коптските христијани ќе го прославуваат Божик, на почетокот од јануари заедно со православните христијани, за да се спречи повторувањето на нападот
Влијателното египетско движење Муслиманско братство во средата објави дека сака да ги заштити црквите во текот на кога коптските христијани ќе го прославуваат Божик, на почетокот од јануари заедно со православните христијани, за да се спречи повторувањето на нападот кој пред минатиот Божик се случи при излегување на верниците по полноќната литургија во црквата во Александрија. „Муслиманското братство одлучи да формира комисии за заштита на црквите за да грешните раце не го уништат славењето, како што тоа неколкупати го сторија под заштита на поранешниот режим“, се наведува во соопштението на движењето, што го објавија египетските медиуми а го пренесува АFP, алудирајќи на периодот од владеењето на соборениот претседател Хосни Мубарак. Муслиманското братство бара и од армијата, односно од Врховниот совет на вооружените сили на Египет, кој управува со земјата по соборувањето на власта на Мубарак, да се погрижи за заштитата и безбедноста на христијанските верски објекти, како што тоа го чинеше на избирачките места во текот на првите две фази од парламентарните избори.Египетските христијани и годинава се во центарот на светските медиуми, откако минатата година на новогодишната ноќ одекна експлозија во близина на црква на христијанските Копти во вториот по големина град на Египет, Александрија, при што загинаа вкупно 23 лица а околу стотина беа повредени.По експлозијата египетските власти преземаа низа мерки за да го сочуваат единството меѓу христијаните и муслиманите во земјата. Голем број познати јавни личности, новинари и политичари кои го исповедаат исламот, заедно со христијаните учествуваа на прославата на Божик кој во египетските коптски цркви беше прославен на 7 јануари. Египетските државници повторуваа дека експлозијата во црквата не е насочена против христијаните, туку против целото египетски општество и државата.Иако за тој напад никој не ја презема одговорност, беше обвинета палестинската фракција на глобалната терористичка организација Ал Каеда.Минатата година неколку европски земји повикаа на заштита на христијаните на Блискиот исток, но Каиро го отфрли повикот, третирајќи го како мешање во внатрешните работи на државата.Египетските Копти се најзначајната христијанска заедница на Блискиот исток. Според различни процени, тие претставуваат околу 10 отсто од 80-милионското население на Египет./крај/афп//мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.