Свет
Седум повредени во гаснењето на пожарот на руската подморница
Седум лица се полесно повредени во гаснењето на пожарот кој во четвртокот напладне избувна на руската нуклеарна подморница „Екатеринбург“ во Мурманск, кој во меѓувреме беше ставен под контрола.
Седум лица се полесно повредени во гаснењето на пожарот кој во четвртокот напладне избувна на руската нуклеарна подморница „Екатеринбург“ во Мурманск, кој во меѓувреме беше ставен под контрола. Портпаролот на руското министерство за одбрана соопшти дека пожарот на трупот од нуклеарната подморница е ставен под контрола, но дека не е сосема изгаснат повторувајќи дека нема регистрирано никакво истекување на радијација, како и дека дел од екипажот уште се наоѓа на пловилото. „Дел од екипажот се уште е во подморницата и константно ги контролира параметрите на температурата и јаглеродниот диоксид“, изјави портпаролот за AFP. Претставникот на военото обвинителство за областа за Мурманск каде што се случи инцидентот, во северозападна Русија, Александар Григорјев, исто така, тврди дека пожарот на трупот на подморницата „К-84 Екатеринбург“ е ставен под контрола и дека не претставува „закана за населението’“. Седум лица се хоспитализирани но „здравствената состојба на повредените не предизвикува загриженост“, вели Григорјев, демантирајќи ги претходните информации за деветмина повредени во пожарот. Нивото на радијација на бродоградилиштето Рослјаково, е во нормални граници соопшти локалното министерство за вонредни ситуации а засега пристап во градот е овозможен само со дозвола на властите. Пожарот избувна во четвртокот напладне на дрвените скелиња поставени околу трупот на подморницата којшто потоа се запалил./крај/афп/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дмитриј Песков: Москва се придржува до идејата на Путин за создавање тампон зона во Украина
Москва се придржува до идејата на рускиот претседател Владимир Путин за создавање тампон зона во Украина за заштита од оружје со долг дострел, изјави на прес-конференција портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до тоа, ништо не е променето“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање, пренесе ТАСС.
Портпаролот на Кремљ додаде дека прашањето за борбата против оружјето со долг дострел доставено до Украина и потенцијалните напади врз областите во кои тие се концентрирани е „прилично во надлежност на вооружените сили“.
Свет
Евакуација на две села во Русија поради поплави, стабилнo во Удмуртија
Во областа Абат во руската област Тјумен во тек е евакуација на жителите на две села поради поплави, ситуацијата во Удмуртија се стабилизира, а водостоите на реките во тој руски регион се намалуваат, соопштија официјални лица.
Жителите на селата Назарово и Јурга во областа Тјумен се евакуираат со бродови, пренесе „Интерфакс“.
Официјални лица соопштија дека нивото на водата во реката Лоза во руската Удмуртска Република, која поплави 120 станбени области во регионалниот центар Игра, се намали речиси 120 сантиметри.
Свет
Авион со 200 луѓе слета во Јапонија, по слетувањето, почна да чади
Јапонскиот државен радиодифузен сервис NHK објави дека се издигнал чад од авионот на All Nippon Airways, кој денеска слета на аеродромот „Шин Читозе“ во Јапонија.
Летот 71 полета од аеродромот „Ханеда“ во Токио со 200 луѓе. Нема извештаи за повредени.
NHK јавува дека чадот, кој се гледал од пределот на крилата по слетувањето, исчезнал кога моторот престанал да работи. Причината за чадот може да биде истекување нафта, според NHK. Индикаторот во пилотската кабина покажа губење на притисокот на маслото во системот што го контролира авионот.
Една од двете писти на аеродромот „Читосе“ беше затворена по инцидентот.
Во јануари, авион на „Јапонија ерлајнс“ и авион на крајбрежната стража се судрија на аеродромот „Ханеда“ и се запалија. Сите 379 патници и членови на екипажот на JAL се евакуирани, но загинаа пет члена од авионот на крајбрежната стража.