Свет
САД и ЕУ загрижени за демократијата во Унгарија
Унгарската влада потврди дека примила писмо од американската државна секретарка Хилари Клинтон во кое наводно таа изразила загриженост заради забележеното задушување на демократските слободи во земјата, повеќе од две децении откако Унгарија го отфрли комунистичкиот режим.
Унгарската влада потврди дека примила писмо од американската државна секретарка Хилари Клинтон во кое наводно таа изразила загриженост заради забележеното задушување на демократските слободи во земјата, повеќе од две децении откако Унгарија го отфрли комунистичкиот режим. Писмото, како што пишува VOA, стигнало само неколку дена откако Европската комисија ја поттикна Унгарија да ја повлече легислативата за која критичарите сметаат дека ќе доведе до преземање на Централната банка од страна на владата.Во писмо до унгарскиот премиер Виктор Орбан, американската државна секретарка Хилари Клинтон наводно изразила загриженост за иднината на демократските институции во оваа поранешна комунистичка нација. Портпаролот одбил да ја потврди содржината на писмото, известуваат унгарските медиуми, но Клинтон на новинарите во Будимпешта, порано годинава им кажа дека клучните стандарди во државата мора да бидат зајакнати.„Како пријатели на Унгарија, изразивме загриженост и посебно повик за вистинска определба за независност на судството, слободата на печатот и владината транспарентност“, изјави Клинтон.Нејзините забелешки се однесуваа на обидите на централно-десничарската влада на премиерот Орбан да постави сојузници на раководни функции на речиси сите претходно независни национални институции.Владата претставила строги закони за медиумите за кои критиката вели дека се со цел да се стави печатот под контрола, и неодамна ја намали моќта на уставниот суд и го преуреди судството со испраќање на клучните судии во пензија.Постои загриженост дека идните генерации нема да можат да ја променат таа политика по новиот контроверзен устав што влегува во сила на 1-ви јануари.Ова го поттикна европскиот комесар за правосудство, Вивиен Рединг, да изрази загриженост пред унгарската влада, вели портпаролот Метју Њуман.Како дополнение на тоа, Хозе Мануел Баросо, претседателот на извршниот орган на Европската унија, Европската комисија, изрази загриженост во писмо до премиерот во врска со два закони, меѓу кои и оној за кој некои мислат дека е закана за независноста на унгарската Централна банка.Експертите сметаат дека Унгарија станува сé поизолирана, а од тоа произлегува загриженоста за поголеми политички и социјални тензии во државата, која се приклучи на ЕУ во 2004-та меѓу десетте други главно поранешни комунистички држави./крај/воа/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.