Контакт

Свет

Данска го презема шестемесечното претседателство со ЕУ

Објавено пред

Полугодишното претседателство со Европската унија во неделата од Полска го презема Данска, која најавува дека ќе биде посредник меѓу земјите од еврозоната и оние членки кои се надвор од оваа групација во рашавањето на најголемата криза во историјата на Унијата.

dobivaj vesti na viber

Полугодишното претседателство со Европската унија во неделата од Полска го презема Данска, која најавува дека ќе биде посредник меѓу земјите од еврозоната и оние членки кои се надвор од оваа групација во рашавањето на најголемата криза во историјата на Унијата.Данска којашто во ЕУ влезе во 1973 година заедно со Велика Британија и Ирска, по седми пат го презема ротирачкото претседателство со Унијата. Но ова претседателствување ќе биде значително поразлично од сите претходни, бидејќи од стапувањето на сила на Лисабонскиот договор во декември 2009 година, улогата на земјата претседавач не е воочлива како некогаш, имајќи предвид дека на состаноците на самитите на европските челници претседава постојаниот претседател на Европскиот совет, а не повеќе премиерот на земјата претседател. Исто така, со Комисијата за надворешни работи претседава високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.Улогата на Данска дополнително ја ограничува и фактот што не е членка на еврозоната. чии членки, пак, не гледаат со одобрување кога некој им се меша во работата.„Совршено добро ги разбирам 17-те членки на еврозоната дека имаат потреба сами да донесат некои одлуки“, изјави данската премиерка Хеле Торнинг-Шмидт.Таа во својот настапен говор на 4-ти декември во данскиот парламент, откако ја презема владата, изјави дека „прва задача на данското претседателство ќе биде постигнување договор за заеднички договор за надминување на кризата“, додавајќи дека ЕУ „мора да ја зајакне базата за одговорен раст и вработување“.Данскиот министер за Европа, Николаи Вамен изјави кон крајот на декември во Брисел претставувајќи ги приоритетите на претседателството на неговата земја, дека Данска ќе настојува да биде посредник меѓу земјите членки на еврозоната и оние надвор од неа. „Сакаме да бидеме, како што пееја Сајмон и Гарфанкел, ‘мост над разбрануваните води’ во времето на најголемата криза во историјата на Европската унија“, изјави Вамен. Данскиот амбасадор во ЕУ, Јепе Транхолм-Микелсен, истакнува дека неговата влада ќе работи на тоа да не се зголемува јазот меѓу членките и нечленките на еврозоната.Во првата половина од данското претседателство доминантна тема во ЕУ ќе биде новиот меѓувладин договор за јакнење на фискалната дисциплина на што начелно се согласија сите членки на Унијата, освен Велика Британија. Нацрт договорот треба да биде довршен до крајот на јануари, неговото потпишување се очекува на самитот на ЕУ на почетокот од март, а би стапил на сила откако ќе биде ратификуван во најмалку девет земји членки. Данска иако ќе биде претседавач со Советот на ЕУ, во овој процес ќе биде само набљудувач.Прв приоретит на данското претседателство ќе биде решавањето на финансиската и стопанската криза, а на второ место е поттикнувањето на стопанскиот раст, покрај почитувањето на еколошките стандари .Данска најави дека особено ќе инсистира на еколошките стандарди и обновливата енергија. Таа е една од најуспешните земји на овој план. Минатата година 33 отсто од електричната енергија произведена во Данска потекнуваат од обновливите извори на енергија, од што две третини од централите на ветер. Данска ќе настојува еколошките стандарди да се применуваат и во областите коишто се во надлежност на ЕУ, земјоделието, рибарството и сообраќајот. Копенхаген, исто така, ќе се залага и за измена на директивата за енергетската ефикасност, со тоа што во неа да бидат вклучени обврзувачки цели, вклучувајќи го и реновирањето на објектите за да трошат што помалку енергија.Еден од приоритетите на данското претседателство ќе биде и договорот околу новата повеќегодишна буџетска рамка за периодот од 2014 до 2020 година, околу што во Унијата редовно се водат жестоки полемики и тешко се доаѓа до компромис. Речиси е сигурно дека договорото нема да биде постигнат во првата половина на годинава за време на данското претседателство, меѓу другото и затоа што во Франција се одржуваат претседателски избори.  .А Франција е една од земјите коишто најмногу добиваат субвенции од заедничката земјоделска политика, на којашто отпаѓа над 40 отсто од европскиот буџет. Договорот се очекува во втората половина од 2012 година, за време на кипарското претседателство. Четвртиот приоритет е областа на внатрешните работи, прашањата врзани за Шенгенскиот договор и прашањето на азилот. Данска на почетокот од октомври 2011 година ја доби новата влада предводена од премиерката Хеле Торнинг-Шмидт од социјалдемократската партија, која е многу повеќе европски ориентирана од претходната влада на десниот центар. Еден од првите потези на новата влада беше укинувањето на царинските контроли поради што претходната влада во Копенхаген беше во судир со Европската комисија. Петтиот приоритет ќе бидат надворешните одност, што, пак од стапувањето на сила на Лисабонскиот договор, во најголем дел се во надлежност на високиот претставник за надворешна политика и безбедност, функција којашто во моментов ја извршува Кетрин Ештон. Данска во 1992 година на референдум го отфрли договорот од Маастрихт. Потоа, данската влада со другите партнери од ЕУ договори изземања од четири области: Економскатата и монетарна унија, Заедничката безбедносна и одбранбена политика, Правосудството и внатрешните работи, и Државјанство на ЕУ. На новиот референдум од 1993 година, данските граѓани го прифатија Договорот од Маастрихт со наведените изземања. . Данска и Велика Британија се единствените членки на Европската унија коишто имаат трајно изземање од обврските од воведувањето на единствената европска валута еврото.Новата влада на Торнинг-Шмидт најави дека има намера да организира референдуми за укинување на изземањето од Заедничката безбедносна и одбранбена политика, како и во областите на Правосудството и внатрешните работи, но не и за еврото. Хеле Торнинг-Шмидт која има 45 години, е првата жена на чело на данска влада. Таа за претседател на тамошните социјалдемократи беше избрана во 2005 година, а по изборите во септември 2011 година ја формираше владејачката коалиција заедно со уште две партии од левиот центар. Таа беше пратеничка во Европскиот парламент од 1999 до 2004 година. Мажена е за Стивен Кинок, синот на поранешниот британски повереник на Европската комизија, Неил Кинок./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.

dobivaj vesti na viber

„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.

Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.

„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.

„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток

Објавено пред

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.

dobivaj vesti na viber

„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.

Израел го нападна иранскиот Исфахан

Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.

Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.

Прикажи повеќе...

Свет

Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки

Објавено пред

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.

dobivaj vesti na viber

Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.

„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.

Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија2 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија2 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија3 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија7 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија8 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија8 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија11 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија13 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет14 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет14 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија14 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија15 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет15 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет15 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет15 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...