Контакт

Свет

Пакистан сака да ја ограничи и прецизира соработката со САД

Објавено пред

Пакистан сака да ја ограничи својата соработка со САД и да ја прецизира со договори ставени на хартија, по последната грешка на силите на НАТО во која загинаа 28 пакистански војници а 14 беа ранети кон крајот на ноември минатата година

dobivaj vesti na viber

Пакистан сака да ја ограничи својата соработка со САД и да ја прецизира со договори ставени на хартија, по последната грешка на силите на НАТО во која загинаа 28 пакистански војници а 14 беа ранети кон крајот на ноември минатата година, пренесува во вторникот AFP повикувајќи се на високи пакистански функционери.„Треба да се постави граница на нашата соработка со САД. Отсега секој договор или комуникација ќе мора да се вклопи во пишан документ со нив“, изјавил неименуван висок воен функционер на Пакистан.„Тоа е урокот кој го извлековме од неодамнешните случувања. Отсега секој договор ќе мора да биде напишан ’црно на бело’ и ќе проверуваме дали е сé добро документирано“, вели соговорникот на агенцијата, додавајќи дека тоа е поврзано со инцидентот до 26-ти ноември кога хеликоптери на НАТО нападнаа контролен пункт на пакистанската армија во пограничниот појас со Авганистан. „Парламентот во моментов ги преиспитува условите за нашите односи со САД. Во иднина нашите односи ќе бидат транспарентни и ќе има нови правила за ангажманот во сферата на борбата против тероризмот. Новите правила, иста како и кои и да е друг договор со САД ќе бидат напишани на хартија“, потврдил исто така неименуван висок владин функционер.Тензиите меѓу Пакистан и западните земји а особено со САД се зголемија и по 26-ти ноември. Тоа доведе пред десет дена американскиот Конгрес да одлучил да ги замрзне 700-те милиони долари помош за Пакистан, сé додека „Исламабад не докаже дека ја помага борбата против исламистичките бунтовници чија мета се американските војници“.Претходно, Исламабад изјави дека таквата акција на западните сили „е во спротивност со суверенитетот на земјата“. Потоа, во знак на протест Пакистан ги затвори коридорите за логистичка поддршка за силите на НАТО.Тензичните односи меѓи Исламабад и Вешингтон по инцидентот уште повеќе се вжештија откако беа соопштени резултатите од истрага што ја спроведе НАТО, во кои се наведуваше дека станува збор „серија грешки сторени од двете страни“.  На тоа бурно реагираше пакистанската страна.Според НАТО, меѓународните сили отвориле оган во ситуација на „легитимна одбрана“ откако биле мета на „неидентификувани сили“ за кои првично „не се сметало дека се пакистански војници“, кој веднаш по бомбардирањето случајот го нарече „трагичен и без намера“, ветувајќи целосна истрага за тој инцидент.Претставници на пакистанската армија веднаш по инцидентот, пак, изјавија дека неколку НАТО хеликоптери упаднале во воздушниот простор на Пакистан од Авганистан и извршиле воздушен напад врз контролен пункт во племенска област Моманд во северо-западниот дел од земјата во близина на границата со Авганистан. Во нападот загинаа најмалку 28 војници а 14 беа ранети, според пакистанската армија.Бомбардирањето на НАТО, според нив, траело речиси два часа и продолжило и откако војниците ги молеле коалиционите сили да престанат, тврди  пакистанската војска.Неименуван авганистански претставник рече дека авганистански командоси и американските специјални сили спроведувале мисија на авганистанската страна од границата, кога врз нив бил отворен оган од правец на Пакистан. Коалиционите сили потоа одговориле со воздушни напади.Пакистанската армија остро демантираше дека нејзините војници први отвориле оган и со тоа го предизвикале бомбардирањето на НАТО.Според информациите на пакистанските медиуми, неколку борбени хеликоптери на НАТО околу 2 часот по полноќ по локално време на 26-ти ноември 2011 година навлегле во воздушниот простор на Пакистан од соседен Авганистан и извршиле напад во контролен пункт во областа Баизаи во паштунската племенска провинција Моманд, во северозападниот дел од земјата во Пакистан северозападно во саботата. Тогаш пакистанската армија го осуди нападот како „неиспровоциран“.Ова не е прв ваков напад на хеликоптери на НАТО врз припадници на пакистанската армија. Така, на 30-ти септември 2010 година во племенскиот регион Оракзаи на границата со Авганистан,  хеликоптери отворија оган врз пакистанските војници. Притоа загинаа две лица, а четворица беа повредени. Инцидентот предизвика сериознo заладување на односите меѓу Пакистан и НАТО. Како одговор, пакистанските власти ги затворија коридорите преку коишто се снабдуваа меѓународните сили во соседен Авганистан. Преку Пакистан се доставува повеќе од 70 отсто од логистиката за силите на меѓународната коалиција кои се борат со талибанските бунтовници на авганистанска територија. Бидејќи во Авганистан нема железничка линија, целата логистика, како и горивата за потребите на НАТО, се транспортираат со камиони од пакистанските пристаништа на Арапското Море, особено од пристаништето Карачи.По ова минатата седмица следуваа два напада врз конвоите на НАТО на пакистанска територија, при што во првиот беа запалени 34 камиони на Алијансата а во вториот беа запалени уште седум камиони-цистерни на меѓународните сили./крај/афп/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава

Објавено пред

Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.

dobivaj vesti na viber

Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции”

Во интервју за Асошиетед прес, тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.

„Сите искуства на луѓето кои се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.

Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафах нема да го победи Хамас.

Прикажи повеќе...

Свет

Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот Искандер

Објавено пред

Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.

dobivaj vesti na viber

Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Илја Јевлаш во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил Искандер-К, додаде Јевлаш.

Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на Телеграм гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.

Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија Украинските железници Укрзализница на Телеграм.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир

Објавено пред

Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по неговиот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.

dobivaj vesti na viber

На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.

Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.

„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа и треба мир. Да оставиме овој гулаб да не обедини сите“, рече Радачовски.

Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.

Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на Зелените, го критикуваше велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.

„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.

Додека птицата леташе низ салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.

Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија34 минути

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 час

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите...

Македонија1 час

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија2 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија12 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија13 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија13 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија14 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија14 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија15 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија16 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија16 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија16 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија17 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија17 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија17 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија17 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...