Контакт

Свет

Белорусија забранува странски интернет страници

Објавено пред

Законот кој стапува на сила од 6 јануари во Белрусија ќе ги ограничи посетите и сервисите на повеќе странски интернет страници.

dobivaj vesti na viber

Законот кој стапува на сила од 6 јануари во Белрусија ќе ги ограничи посетите и сервисите на повеќе странски интернет страници. Според првичните сознанија, з аконот би функционирал на следниов начин: доколку некој од Белорусија сака да купи нешто од Amazon, која не е белоруска компанија, оваа трансакција ќе биде означена како илегална. Тогаш белорускиот обвинител ќе го извести Amazon дека се крши нивни закон и може да биде тужен. Спред новиот закон, сопсвениците на интернет кафеата, исто така, ќе бидат одговорни за своите коминтенти и ќе мора да ги пријавуваат доколу посетат некој забранет сајт. PC World се изјасни дека сите компании ќе мажат  да користат домашен домејн за своите онлајн сервиси. Оние коишто нема да се придржуваат до законот, ќе треба да платат казна до 125 долари. Организацијата Репортери без граници известуваат дека бладата во Минск ќе воспостави систем со кој ќе се филтрираат и блокираат сајтовите кои се сметаат за опасни, како и оние кои пренесуваат екстремизам и порнографија. /крај/б92/км

Свет

(Видео) Авион двапати се одби од пистата во Лос Анџелес: „Ова е најгрубото слетување што сме го снимиле“

Објавено пред

На аеродромот во Лос Анџелес во живо е снимено неверојатно слетување на авионот на „Луфтханза“.

dobivaj vesti na viber

Имено, за време на слетувањето, авионот еднаш, а потоа и втор пат се одби од пистата и повторно полета, предизвикувајќи шокирани реакции кај коментаторите во преносот од аеродромот.

„Што? Леле, леле, леле. Мислам дека ова е најгрубото слетување што некогаш сме го снимиле“.

Откако повторно се нашол во воздух, авионот со маневрирање успеал да слета на пистата и безбедно да го заврши летот.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ инвестира повеќе од 65 милиони евра во развој на вештачка интелигенција

Објавено пред

Европската комисија (ЕК) најави дека ќе инвестира повеќе од 65 милиони евра во развојот на вештачката интелигенција (АИ), вклучително и 50 милиони наменети за финансирање проекти насочени кон развој на нови начини за комбинирање на податоците.

dobivaj vesti na viber

ЕК објави повици за предлози за финансирање проекти во областа на вештачката интелигенција и квантната технологија во рамките на програмата за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ од 2023 до 2024 година, објави АНСА.

ЕК наведува дека проектите се насочени кон подобрување на доверливоста на системите за вештачка интелигенција и обезбедување значителен увид во процесите на донесување одлуки за вештачка интелигенција.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син

Објавено пред

Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2) за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.

dobivaj vesti na viber

Таа истакнува дека не го видела телото и дека сѐ уште го чека извештајот од обдукцијата на синот.

Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.

Мајката на Драгијевиќ за „Нова.рс“ изјави дека никој не дошол кај неа да ѝ каже дека син ѝ е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за погребот.

„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата сѐ уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие сѐ“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.

Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала оти Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се многуте повреди што ги имал на телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.

Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на детето.

Телото на Данка сѐ уште не е пронајдено.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија2 часа

Одѕивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а намалку во Врапчиште

Процентот на избирачите што гласале до 13 часот е 26,35 отсто, информира претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски. Според...

Македонија3 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија3 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија3 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија5 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија5 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион6 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет6 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија7 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион7 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет7 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ7 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија7 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија23 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија24 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија1 ден

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија1 ден

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...