Свет
Десет убиени и десетици ранети во бомбашки напад во Ирак
Најмалку десет лица се убиени, а триесет повредени во серијата бомбашки напади во ирачкиот град Бакубах, северно од главниот град,Багдад.
Најмалку десет лица се убиени, а триесет повредени во серијата бомбашки напади во ирачкиот град Бакубах, северно од главниот град,Багдад.Серија од девет експлозии го потресоа Бакубах во средата, јавува Press TV. Засега ниедна милитантна група не ја презеде одговорноста за нападите.Со овие напади всушност продолжува серијата крвави инциденти како што беше оној од 26-ти декември 2011 година, кога загинаа седум лица а 32 беа повредени откако автомобил-бомба експлодираше во близина на ирачкото министерството за внатрешни работи во квартот Баб ал-Шарџи во главниот град.Претходно, на 22-ри декември најмалку 57 лица беа убиени а над 176 ранети во серија најмалку десет експлозии на разни локации во Багдад. За двата напада одговорноста подоцна ја презема ирачката ќелија на глобалната терористичка организација Ал Каеда.Денешните бомбашки напади доаѓаат во време кога официјални лица на ирачката армија изјавија дека се откриени нови детали од страна на специјалната комисија за утврдување на фактите формирана во ноември 2011 година во врска со експлозијата на автомобил-бомба во Багдад, којашто, според нив, очигледно била насочена против премиерот Нури ал-Малики.На 28 ноември 2011 година, претставници на ирачките безбедносни сили изјавија дека две лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба на паркингот пред ирачкиот парламент во ткн Зелена зона, најдобро обезбедуваниот кварт во Багдад, каде се лоцирани најголемиот број владини објекти и странски дипломатски претставништва. .По овој инцидент за вмешаност во нападот ирачки официјални лица го обвинија ирачкиот потпретседател Тарик ал-Хашеми. Тие. исто така, тврдеа дека целта на нападот бил претседателот на парламентот, Осама Абдул Азиз ал-Нуџајфи. Но подоцна, на 3-ти декември, ирачкиот премиер откри дека тој бил цел на нападот.Ирачките власти потоа издадоа налог за апсење против заменикот претседател Тарик ал-Хашеми, поради сомневање дека е поврзан со терористички групи, а на државната телевизија беше објавено дека неговите тројца телохранители признале оти планирале и изведувале атентати и дека ги финансирал и поддржувал заменикот претседател. Ал-Хашеми ги отфрли обвиненијата против него како фабрикувани клевети и дел од интригите на премиерот Нури ал-Малики, и изрази подготвеност да излезе пред судот во автономната ирачка покраина Курдистан, каде отпатува по издавањето на налогот за негово апсење. Партијата Иракија, која има 82 од 325 мандати во ирачкиот парламент, издаде соопштение, велејќи дека „од саботата тоа претставува суспендирање на нејзиното учество во парламентот и повик за отворање на тркалезна маса за да се најде решение што ќе оди во полза на демократијата и граѓанските институции“.Блокот го обвинува премиерот Малики дека го „монополизира донесувањето на сите одлуки“.Ирачкиот премиер Нури ал-Малики предупреди дека ќе назначи нови министри, доколку актуелните од партијата Иракија не присуствуваат на седниците на владиниот кабинет. Ирачкиот премиер, исто така, ги повика сите политички групи во земјата да помогнат во решавањето на кризата во земјата.Иракија претставува политичка коалиција составена од Партијата за обнова на Хашими, Ирачката национална листа предводена од поранешниот премиер Ијад Алави и Ирачкиот фронт за национален дијалог предводен од Салех ал-Мултаг./крај/птв/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица
Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“
Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.
Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.
„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.
Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.
„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.
Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.
Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.
Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.
На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.
„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.
Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.
Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.