Свет
Бан Ки-Мун бара Иран да ја покаже намената на нуклеарната програма
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, повика на смирување на тензиите меѓу Иран и западните зземји, истакнувајќи дека Техеран мора да го „докаже мирновременскиот карактер на својата нуклеарна програма“.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-Мун, повика на смирување на тензиите меѓу Иран и западните зземји, истакнувајќи дека Техеран мора да го „докаже мирновременскиот карактер на својата нуклеарна програма“. Тензиите меѓу западните држави и Иран се зголемија последните денови откако САД и западните земји донесоа нови санкции со кои се спречува извозот на иранската нафта. Исто така, и откако Техеран се закани дека ќе го блокира Ормускиот теснец поради ембаргото и доколку САД уште еднаш во Персискиот залив ги испратат носачот на авионит „Џон Си Стенис“ кој минатата седмица мина низ теснецот додека во него се одржуваа 10-дневните големи вежби на иранската воена морнарица. Двете страни мораат „да сторат сѐ за да се намали напнатоста во регионот, како и да се обидат да ги решат сите проблеми и да ги приближат ставовите низ дијалог и по мирен пат“, изјави Ки-Мун за новинарите во Њујорк. „Меѓутоа Иран мора во целост да ги почитува резолуциите на Советот за безбедностна ОН’, додаде генералниот секретар на светската организација. Советот за безбедност во минатото донесе четири пакети санкции против Иран за да ја натера оваа земја да го прекине збогатувањето на ураниумот.Ки-Мун изјави и дека и натаму е загрижен од извештајот кој во ноември го објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), во кој се наведуваат „веродостојни“ податоци кои укажуваат дека Иран до 2003 година работел на развивање нуклеарно оружје, а тоа може да го прави во секој момент. Техеран, пак, тврди дека неговата нуклеарна програма е за мирновременски цели, за добивање електрична енергија и за примена во медицината. „Иранските власти мора да докажат дека нивната нукеларна програма навистина има мирновременска цел. Се чини дека меѓународната заедница не е сигурна во тоа. Ја повикувам иранската влада да ги изнесе доказите за карактерот на својата нуклеарна програма“, заклучува Бан Ки-Мун./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.