Свет
Аргентинската претседателка сепак нема рак
Аргентинскат претседателка Кристина Фернандез де Киршнер сепак нема канцер на штитната жлезда, покажал хистолошкиот наод кој исклучува секаква присутност на канцерогени клетки, соопшти во саботата нејзиниот портпарол Алфредо Скокимаро.
Аргентинскат претседателка Кристина Фернандез де Киршнер сепак нема канцер на штитната жлезда, покажал хистолошкиот наод кој исклучува секаква присутност на канцерогени клетки, соопшти во саботата нејзиниот портпарол Алфредо Скокимаро. Аргентинската претседателка Кристина Фернадез де Киршнер во средата беше оперирана, при што и’ беше отстранета штитната жлезда (тироидата). „Патолошкиот наод покажува јазли во двата дела од штитната жлезда на претседателката, но исклучено е присуството на клетки на канцер, со што е изменета почетната дијагноза“, го цитара AFP претседателскиот портпарол. Педесет иосум-годишната Киршнер се опоравува од операцијата и е во добра состојба, па лекарите одлучиле да ја отпуштат од болницата. Пред операцијата, Киршнер му ја предаде власта на потпретседателот Амаду Буду, кој ќе ја извршува претседателската функција до 24-ти јануари. Де Киршнер којашто минатиот месец го започна својот втор претседателски мандат, во средата беше оперирана во болницата во Пилар, 50 километри северно од главниот град Буенос Аирес. Киршнер ќе закрепнува околу 20 дена. Стотина лица се сместија пред болницата во шатори со намера да и’ дадат поддршка на претседателката, при што беа поставени и транспаренти со пораката „Храбро Кристина“.Киршнер во текот на минатата година во три наврата мораше да ја прекине должноста, поради проблеми со нискиот притисок./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.