Свет
Либија ја доби првата транша по одмрзнување на средствата
Либија доби околу 20 милијарди долари од средствата на Либиската централна банка и „Libyan Arab Foreign Bank“, коишто беа замрзнати во 2011 година како дел од санкциите против режимот на Моамер ел-Гадафи, јави во вторникот AFP.
Либија доби околу 20 милијарди долари од средствата на Либиската централна банка и „Libyan Arab Foreign Bank“, коишто беа замрзнати во 2011 година како дел од санкциите против режимот на Моамер ел-Гадафи, јави во вторникот AFP.Според министерот за надворешни работи на Либија. Ашур бен Кајал, првата транша од замрзнатите средства влегле во земјата од САД, Франција и други европски земји.„Немам никакви конкретни податоци, но знам дека првата транша изнесуваше околу 20 милијарди американски долари“, го цитира агенцијата Кајал.Според AFP, вкупниот износ на замрзнати средства на поранешниот либиски режим се проценува на околу 150 милијарди долари.На крајот на декември 2011 година, медиумите ја објавија информации дека Европската унија ја разгледува можност за деблокирање на сите средства коишто се наоѓаат во ЕУ, како и парите на „Libyan Arab Foreign Bank“, блокирани на почетокот од применувањето на санкциите против режимот на Моамер ал-Гадафи. Одлуката да се одмрзнат овие средства е донесена со цел за да се поддржи економското закрепнување на Либија и да се соработува со новите органи на власта во земјата разорена од граѓанската војна.Сепак, и натаму остануваат „делумно замрзнати“ средствата депонирани на сметките на либиските кредните фондови „Libyan Investment Authority“ и „Libya Africa Investment Portfoli“.Агенцијата, исто така, наведува дека по одлуката на ЕУ, решение за одмрзнување на либиските средства во странство донесоа и САД и Велика Британија коишто објавија дека „одмрзнуваат“ 30 односно 10 милијарди долари.Вооруженото востание во Либија избувна во февруари и траеше до октомври 2011 година. За време на борбите меѓу приврзаниците на владејачкиот режим и опозицијата загинаа повеќе илјади луѓе, а економијата на земјата претрпе огромни штети. Моамер ел- Гадафи, кој беше на власт 42 години, беше ликвидиран на 20-ти октомври, во близина на неговиот роден град Сирт. Во февруари 2011 година, опозицијата го формираше Националниот преоден совет (PNC), кој стана единствениот легитимен орган на власта во земјата./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел
САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.
„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.
Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.
За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.
„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.
Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.