Свет
Иран го обвини Израел за убиството на научникот
Заменик гувернерот на провинцијата Техеран Сафар Али Баратло го обвини Израел за денешното убиство на нуклеарниот научник Мостафа Ахмади Рошан.
Заменик гувернерот на провинцијата Техеран Сафар Али Баратло го обвини Израел за денешното убиство на нуклеарниот научник Мостафа Ахмади Рошан.„Израел е одговорен за тој атентат, Рошан е убиен на сличен начин како и другите ирански научници“, рече Баратло.Агенцијата Асошиејтед прес, повикувајќи се на извештај на полуофицијалната иранска агенција Фарс наведува дека е утврдено дека Рошан работел како директор на погонот збогатување ураниум Натанц.Рошан е убиен, а две лица се повредени кога утрово во источниот дел на Иран експлодираше бомба подметната во автомобилот „пежо 405“, во кој се наоѓале.Триесет и двегодишниот Рошан неодамна дипломираше на универзитетот Шариф во Техеран кој се смета за еден од најдобрите во Иран.Од јануари 2010 година се убиени тројца ирански научници, од кои двајца соработувале на нуклеарната програма.Пред две години актуелниот шеф на иранската Организација за атомска енергија Ферејдун Абаси преживеа обид за атентат.Во јули 2011 година беше убиен научникот Дасријуш Резаинеџад.Техеран за убиствата ги обвини САД и Израел, што двете земји го негираа. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.