Контакт

Свет

Дваесет лица загинаа во секташките судири во Јемен

Објавено пред

Најмалку дваесет лица загинаа во судирите меѓу исламистички групи во северозападен Јемен, пишуваат во четвртокот арапските медиуми, повикувајќи се на претставник на јеменските власти.

dobivaj vesti na viber

Најмалку дваесет лица загинаа во судирите меѓу исламистички групи во северозападен Јемен, пишуваат во четвртокот арапските медиуми, повикувајќи се на претставник на јеменските власти.Според извештаите, на вооружени судири меѓу група на салафити (ортодоксни приврзаници на традиционалниот ислам) и поддржувачите на шиитската племенски конфедерација Ал-Хуси се случил во северозападниот регион на Јемен, во близина на градот Мајди на брегот од Црвеното Море.Во овој регион, судирите меѓу милитантите од конфедерација Ал-Хуси и владините сили и сунитските фундаменталисти избувнаа во декември минатата година. Тогаш во престрелките загинаа 60 лица, вклучувајќи и четири руски државјани, коишто се обучувале во салафитскиот религиозно образовен центар „Дар ал-Хадис“, кој беше нападнат од милитантите од Ал-Хуси. Според руската амбасада во Јемен, во тоа време во центарот имало 30 до 40 руски државјани, вклучувајќи жени и деца. Од пролетта на 2011 година на јеменските владини сили практично ја загубија контролата над територијата.Ситуацијата во Јемен е комплицирана уште од почетокот на февруари 2011 кога започнаа анти-владините протести, со барање оставка од поранешниот претседател Али Абдулах Салех кој беше на власт речиси 33 години., во кои загинаа стотици а ранети се илјадници луѓе. Претседателот Салех во октомври презентираше „сеопфатна документација за соработката меѓу Ал Каеда и Муслиманското братство, којашто упатува на дестабилизација на земјата и воен удар“. Осиромашената земја во којашто истовремено режимските сили се борат и со ќелии на терористичката глобална мрежа Ал Каеда, од јануари годинава е потресувана од речиси секојдневни масовни протести, со кои се бара оставка на режимот, како и ставање крај на корупцијата и невработеноста.Речиси 40 отсто од населението на Јемен опстојува со приход од два американски долара на ден или помалку а една третина се бори со хроничен глад.Претседателот Салех кој во државата се врати на почетокот од октомври и пет други високи функционери на Јемен се наоѓаа во Саудиска Арабија, каде што се лекуваат по нападот врз џамијата во комплексот на претседателската резиденција во Сана’а од 3-ти јуни. Тогаш врз Салех непознати лица пукаа додека тој беше во џамијата во близина на претседателската палата. Според други извори, во џамијата експлодирала подметната бомба. Повредени во експлозијата беа и премиерот и заменик премиерот, претседателот на парламентот и неколку политичари кои присуствуваа на традиционалната петочна молитва. Салех, во нападот се здоби со изгореници околу 40 проценти на кожата и повреди на белите дробови. По два дена во Ријад нему му беше извршена операција со која беа отстранети шрапнели од проектил.Противниците Салех бараат негово непосредно заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекува на крајот од 2013 г. Претседателот Салех на 18-ти март објави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град на Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменски претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ги негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.Водечката опозициска организација во земјата „Револуционерна младина на Јемен“ на почетокот од ланската есен го повика претседателот Салех да си поднесе оставка и апелираше на итно формирање преоден револуционерен совет, кој треба да ги преземе ингеренциите и да го подготви новиот устав на земјата.Во истиот период и повеќе од сто влијателни племенските и верските лидери во Јемен, исто така, повикаа на брзо спроведување на претседателските избори во земјата. Тиево јуни годинава издадоа писмена изјава, во која уште еднаш побараа оставка од претседателот Салех и избор на нов претседател во рок од 60 дена.Протестите инспирирани од востанијата во Тунис и во Египет го доведоа до раб на пропаст 32-годишното владеење на актуелниот претседател Али Абдула Салех. Но, Салех во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка.Во Јемен од почеток во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех, кој стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен./крај/ро/цнн/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина

Објавено пред

Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија  неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.

dobivaj vesti na viber

Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.

Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.

Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот

Објавено пред

Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

dobivaj vesti na viber

Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.

Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.

Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.

Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.

Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.

Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.

Прикажи повеќе...

Свет

Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито

Објавено пред

Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.

dobivaj vesti na viber

„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.

Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.

Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.

Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија15 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија18 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија19 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија21 час

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија22 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет22 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија23 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет23 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија23 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет23 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија2 дена

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија2 дена

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија2 дена

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија2 дена

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...