Свет
Амбасадата на САД ги предупреди Американците за можни немири во Египет
Американската амбасада во Египет ги предупреди своите граѓани за опасност од немири во центарот на Каиро во понеделникот – првиот ден од работата на новиот состав на Народното собрание (Долниот дом на парламентот), а особено за среда 25-ти јануари
Американската амбасада во Египет ги предупреди своите граѓани за опасност од немири во центарот на Каиро во понеделникот – првиот ден од работата на новиот состав на Народното собрание (Долниот дом на парламентот), а особено за среда 25-ти јануари, на првата годишнина од египетската револуција, пишува во понеделникот Аl-Ahram.Во вонредното соопштение на американската амбасада во Каиро се вели дека „следните денови во центарот на египетскиот главен град, особено пред зградата на Народното собрание и на плоштадот Тахрир, ќе се одржат масовни демонстрации кои би можеле да се претворат во немири и акти на насилство“. Без разлика на преземените мерки од страна на властите и зголемените безбедносни мерки, американската амбасада им препорачува на своите граѓани „следните неколку дена да го одбегнуваат центарот на египетскиот главен град, да ги следат информациите во локалниот медиуми, и да не учествуваат на каков и да е митинг, како и да не се обидуваат во средата да стигнат до центарот на градот“, каде што ќе се случуваат главните настани по повод одбележувањето на првата годишнина од египетската револуција.Американската амбасада, којашто е лоцирана недалеку од плоштадот Тахрир, од самиот почеток на немирите во Каиро на почетокот од минатата година е под заштита на специјалните единици. Сите сообраќајници коишто се во непосредна близина на американската амбасада во Египет, се затворени за движење на возила.Египетската војска по оставката од 11-ти февруари 2001 година на претседател Хосни Мубарак, го укина уставот и ги распушти двата дома на парламентот, во кои мнозинството беше во рацете на поддржувачите на Мубарак. На крајот од јануари 2012 година, на демократските избори за Народното собрание со големо мнозинство победи Партијата на слободата и правдата, политичко крило на движењето Муслиманско братство. Во понеделникот, пратениците од оваа партија ќе заземат 213 од 498-те места во новиот „револуционерен парламент“ на Египет./крај/аа/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.