Контакт

Свет

Франција: Законот за геноцидот врз Ерменците повторно ја разбесни Анкара

Објавено пред

Горниот дом на францускиот парламент во понеделник треба да расправа и да гласа за предлог-законот со кој во Франција ќе стане незаконски да се негира геноцидот кој отоманска Турција го извршила врз Ерменците во 1915 година.

dobivaj vesti na viber

Горниот дом на францускиот парламент во понеделник треба да расправа и да гласа за предлог-законот со кој во Франција ќе стане незаконски да се негира геноцидот кој отоманска Турција го извршила врз Ерменците во 1915 година.

Досега во Франција таков закон е воведен само за геноцидот врз Евреите во Втората светска војна.

Француските сенатори ќе го разгледуваат предлог-законот еден месец откако истиот беше изгласан во Долниот дом на парламентот со огромно мнозинство.

Против гласањето во сенатот во саботата во париз демонстрираа преку 15.000 Турци кои живеат во Франција и во околните држави.

Закажаната дебата повторно предизвика бесна реакција од официјална Анкара, која се закани со казни со „трајни“ санкции, ако предлог-законот биде изгласан и стане закон. Турција веднаш по изгласувањето во Долниот дом ги замрзна политичките и воени врски со Франција и најави натамошни мерки, но ги стави во мирување во очекување на резултатите од гласањето во сенатот и ратификација од страна на претседателот Никола Саркози, чија десничарска партија УМП го предложи овој закон.

„Ќе следуваат додатни санкции и овој пат тие санкции ќе бидат трајни, се додека Франција не го смени ставот. Сега е време француските интелектуалци, француските сенатори да ги одбранат заедничките вредности, слободата на говорот, кои се и европски и француски вредности. Овој закон е против тие вредности“, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу во саботата и додаде дека законот нема да помогне во подобрувањето на турско-ерменските односи.

Давутоглу, исто така, ја откажа својата посета а Брисел во понеделник, на која требаше да ги брифира своите колеги од ЕУ за неговата посета на Техеран, пред тие да ги гласаат најавените нови санкции против Иран.

Во обид да ја смири кризата, Саркози во петокот испрати помирувачко писмо до турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган, во кое ја изразува својата надеж дека „ќе надвладее разумот и ќе продолжи дијалогот што ги обединува и двете држави и двата народа“, што е од најголема корист „и за двете пријателски и сојузнички држави“. Тој во писмото истакна дека законот не е насочен посебно кон ниту една држава или народ.

Во средата сенатската комисија надлежна за прашањето го отфрли предлог-законот, со образложение дека може да ги прекрши уставните заштити, вклучувајќи ја и слободата на говорот,но не се очекува нивната одлука да влијае врз конечното гласање во сенатот.

Дури и сенатот да го отфрли предлог-законот, помоќното народно собрание може повторно да го изгласа, по што би следела ратификација од претседателот.

Предлог-законот ја подели и француската влада, во која повеќе министри стравуваат дека ваквиот потег ќе им наштети на дипломатските и економските односи со сојузникот од НАТО и еден од најголемите трговски партнери на Франција. И шефот на француската дипломатија, Ален Жупе, призна дека потегот е „во лошо време“.

Франција ги призна масовните убиства на Ерменците во 2001 година, но со новиот закон ќе се казнува секој кој ќе се обиде да го негира тој факт, а казната е една година затвор и парична казна во висина од 45.000 евра.

Ерменија тврди дека најмалку 1,5 милиони Ерменци умреле кога отоманските Турци во 1915 и 1916 година ги депортирале од источна Анадолија во сириските пустини и на други оддалечени места во тогашната империја.

Турција, пак, тврди дека вкупниот број на умрените Ерменци на недминал 300.000. Анкара признава дека биле сторени злосторства, но жестоко негира дека имало смислен план да се уништи ерменскиот народ, туку дека во текот на Првата светска војна многу луѓе умреле и на двете страни и дека во тој период страдале сите. /крај/Aljazeera/сс/

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Објавено пред

Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.

Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Објавено пред

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.

dobivaj vesti na viber

Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.

Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.

Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.

– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.

Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.

Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.

„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.

Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.

Прикажи повеќе...

Свет

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Објавено пред

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им кажало на инспекторите дека убил човекот пред две години без никаква причина, соопштија органите на редот.

dobivaj vesti na viber

Според законите во Тексас, детето не може да биде обвинето за злосторството бидејќи во моментот на убиството имало помалку од 10 години, пренесува CBS News.

Момчето им кажало на училишните службеници дека пукало и убило човек во 2022 година, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Гонзалес.

Како што е наведено, момчето им дало на истражителите информации за убиството на 32-годишниот Брендон О’Квин Резбери на 18 јануари 2022 година во Никсон, Тексас.

Тој рече дека тој ден бил кај својот дедо на гости во паркот за кампери во близина на местото каде што живеел Резбери, и дека извадил пиштол од кабината на камионот на неговиот дедо, влегол во комбето на Резбери, пукал во него и го убил.

Тој исто така изјавил дека никогаш претходно не го видел Расбери и дека убиениот не направил ништо за да го налути.

На 12 април, инспекторите го пронајдоа пиштолот користен за убиството на Разбери во заложна продавница во блискиот град, но бидејќи детето имало помалку од 10 години кога го извршило злосторството, не може да биде обвинет за убиството во 2022 година.

Детето е обвинето во врска со заканата упатена кон соученик и се наоѓа во малолетнички притвор, каде го чека почетокот на судењето.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет3 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија3 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет3 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија4 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија4 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија4 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија16 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија16 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија16 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија16 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија21 час

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија22 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија22 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет1 ден

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет1 ден

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија1 ден

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија1 ден

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...