Контакт

Свет

Ромни најпосле ги објави даночните документи

Објавено пред

Под сé поголемиот притисок од своите ривали, еден од водечките кандидати за републиканската номинација на претстојните американски претседателски избори, Мит Ромни, во вторникот најпосле го објави своите даночни документи

dobivaj vesti na viber

Под сé поголемиот притисок од своите ривали, еден од водечките кандидати за републиканската номинација на претстојните американски претседателски избори, Мит Ромни, во вторникот најпосле го објави своите даночни документи кои го потврдуваат неговиот статус на мултимилионер, пишува The Washington Post.Републиканецот Мит Ромни, којшто своето богатство го стекнал извршувајќи ја челната функција во еден инвестициски фонд, пријавил 21,7 милиони долари приход за 2010 година и 20,9 милиони приход за 2011 година, пишува вашингтонскиот дневен весник на кого Ромни му ги испратил своите даночни документи. Во наведените две години Ромни и неговата сопруга Ен донирале седум милиони долари во добротворни цели, главно на Мормонската црква и платиле 6,2 милиони долари сојузен данок.Според американските закони, капиталната добивка се оданочува со стапка од 15 отсто, што е многу помалку од даночната стапка на приход којашто изнесува 35 отсто. Богатството на Мит Ромни е проценето на 250 милиони долари, а фактот што го стекнал преки инвестицискиот фонд „Bain Capital“ би можел за него да претставува отежнувачки елемент во предизборите, имајќи ја тешката економска криза каква што во САД немало од 1930-те, коментира агенцијата AFP.И дел од републиканците и демократите го обвинуваат Ромни дека во времето кога ја основал „Bain Capital“, во периодот од 1984 до 1999 година, се збогатил врз грбот на компаниите кои оделе во стечај, поради што илјадници американци останале без работа. Неговите критичари тврдат дека како сооснивач на огранокот на советничката компанија „Bain & Co“ од Бостон, „Bain Capital“ ги „ограбувал“ компаниите коишто ги преземал, настојувајќи од нив да извлече што поголема добивка. Но Ромни ги брани потезите на „Bain Capital“, објаснувајќи дека вложил во повеќе од стотина  разни бизниси, и дека компанијата отворила 10 илјади работни места. „Доколку луѓето сакаат да добијат политичар кој разбира на кој начин функционира економијата, а јас директно работев во стопанството, јас сум вистинскиот човек за тоа и на најдобар начин можам да му парирам на Барак Обама“, изјави неодамна Ромни на еден од дуелите со неговите партиски противкандидати.Мит Ромни,поранешен гувернер на сојузната американска држава Масачусетс, победи на партиските предизбори во Њу Хемпшир, но во Јужна Каролина ба 21-ви јануари беше поразен од Њут Гингрич и го презема водството според бројот на делегатите за републиканската конвенција.Следните републикански предизбори ќе се  одржат на 31-ви јануари на Флорида.Последните денови ривалите на Ромни во борбата за републиканската претседателска номинација  често го повикаа да ја објави својата даночна карта и да не ги крие своите финансии. Фактот дека данокот Ромни го плаќал по значително помала стапка отколку поголемиот дел од другите богатите Американци го нагласува неговиот статус на мултимилионерски финансиер, што според некои аналитичари, би можело да му наштети во натамошниот тек од кампањата./крај/афп/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Објавено пред

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.

dobivaj vesti na viber

Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.

Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.

Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.

Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.

Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.

Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.

Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.

Прикажи повеќе...

Свет

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Објавено пред

Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.

Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Објавено пред

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.

dobivaj vesti na viber

Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.

Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.

Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.

– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.

Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.

Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.

„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.

Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите противкандидати

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ја прифати поканата на националниот јавен сервис за учество на дебата со сите противкандидати во...

Македонија2 часа

Коалицијата ВЛЕН најавува спектакуларен митинг во понеделник на плоштадот Скендербег – не добиле дозвола на митинг на Плоштад Македонија

Шефовите на изборната кампања на Коалицијата ВЛЕН денеска ја информираа јавноста за централниот митинг што ВЛЕН (ВРЕДИ) планира да го...

Свет2 часа

Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува...

Македонија2 часа

Гордана Силјановска Давкова учествуваше на одбележувањето на 75 годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција и 76 годишнината од прогонството на Македонците од егејскиот дел на Македонија

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, на 20 април...

Регион5 часа

(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а...

Свет6 часа

Десетгодишно дете призна дека убило човек пред две години, полицијата во Тексас во шок

Десетгодишно дете од американската сојузна држава Тексас, кое било испрашувано поради наводна закана дека ќе го убие својот соученик, им...

Македонија6 часа

Изет Меџити од Берлин: Дијаспората ја совлада Југославија, ќе го совладат и ДУИ

Лидерот на Демократското Движење, истовремено и носител во изборната единица број еден, Изет Меџити, учествуваше во голем собир со дијаспората...

Свет6 часа

Северна Кореја тестираше „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала боева глава со „супер-голема“ крстосувачка ракета и нова противвоздушна ракета. Тестот за моќност на...

Македонија7 часа

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Во рамки на кампањата за парламентарните избори, која почна во четвртокот, и денеска кандидатите за пратеници во шесте изборни единици...

Македонија7 часа

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија7 часа

Силјановска-Давкова со 8 прашања, како граѓаните да се решат дали и за кого ќе гласаат на изборите 

Во својот говор на синоќешниот митинг во Крива Паланка професорката Горданa Силјановска -Давкова порача дека оваа власт не креира рационални политики,...

Македонија18 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија19 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија19 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија19 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија1 ден

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија1 ден

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија1 ден

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија1 ден

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија1 ден

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...