Свет
Британските војници се повлекуваат од Авганистан до крајот на 2014-та
Британскиот премиер Дејвид Камерон, во саботата изјави дкеа британските војници конечно ќе заминат од Авганистан не порано од планираното – на крајот на 2014 година, пренесува Reuters.
Британскиот премиер Дејвид Камерон, во саботата изјави дкеа британските војници конечно ќе заминат од Авганистан не порано од планираното – на крајот на 2014 година, пренесува Reuters.„Сакаме да имаме со Авганистан долги блиски односи уште долго време по враќањето на нашите војници дома, а тоа ќе се случи на крајот од 2014 година“, ги цитира агенцијата зборовите на британскиот премиер Дејвид Камерон, по неговата средба со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи во Лондон.Повлекување од Авганистан на сите странски војници коишто се вклучени во амти-терористичките операции против талибаните и припадниците н аглобалнат атерористичка мрежа Ал Каеда, е предвидено за 2014 година. Сепак, во петокот, францускиот претседател Николас Саркози најави дека Париз ќе ги повлече своите војници една година порано, а исто така предложи сите земји чиишто единици во рамките на меѓународната коалиција под водство на НАТО и САД се наоѓаат во Авганситан, да го сторат истото и овластувањата да ги предадат на авганистанските безбедносни сили.Причината за таквата изјава на францускиот претседател беше убиството на четворицата француски војници во покраината Каписа, североисточно од главниот град Кабул, врз кои стрелаше одметнат авганистански војник.Во операција во Авганистан се вклучени мултинационалните контингенти на анти-терористичката коалиција, која е предводена од претставници на командата на американските сили и на мисијата ИСАФ под команда на НАТО. Нивните задачи се пребарување и уништи приапдниците на милитантното радикално движење Талибан и борците на Ал Каеда./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето на три лица во БиХ кои на Тикток објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа Тикток објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Свет
Голем руски ракетен напад врз украинските централи, штетата е голема
Русија ги нападна термоцентралите и хидроцентралите во централна и западна Украина со проектили и беспилотни летала, во уште еден од серијата напади врз веќе оштетената енергетска инфраструктура, објави електроенергетскиот оператор „Укренерго“.
„Во масовен и комбиниран напад, руските сили повторно ги гаѓаа енергетските објекти во текот на ноќта“, објави Укренерго на Телеграм. Оштетени се термоцентралите и хидроцентралите во централниот и западниот регион“, додава операторот.
Според локалните власти и министерот за енергетика Герман Гелушенко, нападнати биле енергетските објекти во областа Камиаске во близина на градот Днепро и енергетската инфраструктура во регионите Дњепропетровск, Полтава и Черкаси.
„Објектите за производство на електрична енергија беа нападнати со беспилотни летала и проектили“, рече Гелушенко.
Најголемата приватна енергетска компанија ДТЕК потврди дека биле нападнати три нејзини термоцентрали. Дистрибутерот на електрична енергија оваа недела објави дека ДТЕК изгубил околу половина од својот производствен капацитет.
Украинската армија објави дека соборила 58 од 60 лансирани руски беспилотни летала и 26 од 39 проектили.
Регион
Два силни земјотреси го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9 часот и 12 минути на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува Катимерини.
Двата земјотреси беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија Ефтимис Лекас на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, додека директорот на Геодинамичкиот институт Атанасиос Ганас рече дека причината што не е причинета материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.