Свет
Остатоците на „Конкордија“ нема да бидат тргнати пред крајот на годината
Остатоците на хаварисаниот брод „Коста Конкордија“ можеби ќе останат пред островото Џиљо до крајот на годината, пред да бидат исечени на делови или одвлечени, изјави во неделата функционерот надлежен за санирање на последиците од несреќата.
Остатоците на хаварисаниот брод „Коста Конкордија“ можеби ќе останат пред островото Џиљо до крајот на годината, пред да бидат исечени на делови или одвлечени, изјави во неделата функционерот надлежен за санирање на последиците од несреќата. Нуркачите во неделата го запреа пребарувањето на остатоците на заринканиот брод по тела на настраданите од хаваријата што се случи во близина на брегот, поради немирното време и силните ветрови кои забележително го придвижија бродот, соопштија италијанските власти. Лошото време, исто така, веќе го одложи отстранувањето на 2.300 тони дизел гориво од резервоарите на бродот, што може да трае меѓу три седмици или цел месец од почетокот на операцијата, којашто ќе почне најверојатно кон средината на идната седмица.Директорот на цивилната заштита на Италија, Франко Габриели, кој е надлежен за водење на операцијата за санирање на последиците од несреќата на „Коста Конкордија“ , изјави дека можеле да минат седум до десет месеци пред остатоците од бродот конечно да бидат тргнати од пред влезот во пристаништето.„Од претходно веќе знаевме дека тоа ќе биде многу долг случај и мислам дека е важно што сите се целосно свесни дека тоа ќе се случи за многу долги рокови“, изјавил Габриели за новинарите.Работата на спасувањето или отстранувањето на бродот не може да почне пред да се отстрани горивото и маслото, со што ќе се избегне опасноста од еколошка катастрофа, а пред носењето на одлуката како ќе се продолжи, ќе има многу прелиминарна работа, додал Габриели.Потрагата по телата на настраданите е сопрена во неделата откако мерните инструменти утврдиле дека 290 метри долгиот брод за шест часа се придвижил 3,5 центиметри, додека нормалното придвижување изнесува еден до два милиметра.Задолжените за санирање на последиците од бродоломот изјавија дека бродот е стабилен и дека нема голема непосредна опасност да се лизне од сегашната положба на 20 метри длабочина во подлабокот море. Но и најмалото придвижување претставува опасност за нуркачите кои ја пребаруваат внатрешноста на бродот во кој плутаат многу скршени стакла, намештај и лични предмети на патниците и на членовите на екипажот.Во моментов се потврдени 17 жртви, а како исчезнати се водат околу 20 лица од вкупно 4.299 патници и членови на екипажот на италијанскиот туристички крстосувач „Коста Конкордија“ кој доживеа хаварија во близната на островот Џиљо во Тиренското Море во близина на брегот на италијанскиот регион Тоскана, ноќта кон 14 јануари./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.