Свет
Снегот и студот однесоа најмалку 44 животи во централна и источна Европа
Снегот и ниските температури последните денови во централна и источна Европа однесоа најмалку 44 животи, а метеоролозите денеска прогнозираат и понатамошен пад на температурите.
Снегот и ниските температури последните денови во централна и источна Европа однесоа најмалку 44 животи, а метеоролозите денеска прогнозираат и понатамошен пад на температурите.
Украинското министерство за здравство соопшти дека 18 лица умреле од смртоносен пад на телесната температура во последните четири дена. Поголем број жртви биле бездомници кои смртта ги затекнала на ледените улици или тоа се стари лица кои студот ги затекнал во студените домови.
Полицијaта во Полска соопшти дека 10 лица замрзнале во текот на викендот, каде температурата се спуштила до 27 степени под нулата.
Во Чешка, дваесет и шестгодишно момче е најдено мртво пред два дена кај мостот Опава на истокот од земјата, а во текот на викендот во Литванија поради студот умреле најмалку три лица.
Студот во Бугарија однесе пет човечки животи . Снежното невреме во последните денови тешко ја погоди и Романија , каде досега однесе четири човечки животи.
Во Србија за време на викендот замрзнаа три лица, а уште две се водат за исчезнати. Со снег и ниски температури се соочуваат и граѓаните на Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Метеоролозите предвидуваат нови снежни врнежи и понатамошен пад на температурите, така да во некои делови на Европа се очекува и „сибирска зима“ каква што немало со години./крај/тј/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.