Свет
Предлог резолуцијата на СБ на ОН исклучува употреба на сила против Сирија
Советот за безбедност на Обединетите нации ја исклучува употребата на сила против Сирија, каде што од март 2011 година не престануваат судирите меѓу власт и опозицијата.
Советот за безбедност на Обединетите нации ја исклучува употребата на сила против Сирија, каде што од март 2011 година не престануваат судирите меѓу власт и опозицијата.Според текстот објавен во седиштето на ОН, предлог документот со кој ќе биде повикано на запирање на насилствата, Советот за безбедност смета дека „ништо во оваа резолуција не го дозволува мерките предвидени во Глава 42 од Повелбата на ОН“, пренесува РИА Новости.Овој дел од Повелбата, инаку, дозволува употреба на воена сила на море, копно и воздух,со цел да се блокира некоја држава во интерес на меѓународниот мир и стабилност.Како што пренесува агенцијата повикувајќи се на аналитичарите на ситуацијата во регионот, исклучувајќи ја заканата од вооружени интервенција во Сирија, се спречува повторувањето на либиското сценарио, каде што по резолуцијата на ОН и со мандат од Советот за безбедност по операциите на НАТО опозицијата успеа да го собори режимот на Моамер ел-Гадафи, но стабилност во земјата не се поправи.Во октомври 2011 година западните земји поднесоа во Советот за безбедност текст за резолуција која предвидуваше закана со санкции, но Русија и Кина ја блокираа искористувајќи го правото на вето. Во четвртокот навечер на 2-ри февруари годинава, за време на речиси четири часовната седница на Советот за безбедност, беше поднесен текст на нацрт-резолуција. Во овој текст беа омекнати формулациите коишто би можеле да се употребат за да се оправда евентуална воена интервенција во Сирија, смета Москва.Нацрт-резолуцијата ќе биде испратена за разгледување до страна на 15-те земји членки на Советот за безбедност за одобрување.Во нацрт-резолуцијата, исто така, според агенцијата, исто така, е поздравена понудата на Русија за организирање средба меѓу сириските власти и опозицијата што би се одржала во Москва, на која би се нашло политичко решение на кризата.„Го осудуваме секое насилство, без разлика од која страна доаѓа, и во тој поглед бараме од сите страни во Сирија, вклучувајќи ги и вооружените групи, веднаш да се запре насилството и одмаздата од сите видови, вклучувајќи и напади врз државните институции“, се вели меѓу другото во нацрт-резолуција што ја цитира РИА Новости.Нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност, исто така, ја поддржува и иницијативата на Арапската лига којашто на 22-ри јануари го претстави својот план за трансфер на власта од претседателот Башар ал-Асад од кого опозицијата бара оставка, демократизација на сириското општество, како и ослободување од затворите на сите политички противници на актуелната власт. Доколку во рок од 21 ден не биде исполнет предлогот, Советот за безбедност си го дозволува правото да разгледа натамошни мерки во врска со Сирија, се наведува во текстот од нацрт-резолуцијата./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.