Свет
Мит Ромни победи на предизборите во Невада
Водечкиот кандидат за републиканска претседателска номинација Мит Ромни во саботата ги освои предизборите во американската сојузна држава Невада, обезбедувајќи мнозинство од 28 делегати од оваа држава, за националната републиканска конвенција којашто ќе се одржи во август.
Водечкиот кандидат за републиканска претседателска номинација Мит Ромни во саботата ги освои предизборите во американската сојузна држава Невада, обезбедувајќи мнозинство од 28 делегати од оваа држава, за националната републиканска конвенција којашто ќе се одржи во август.
Поранешниот гувернер на сојузната држава Масачусетс, Мит Ромни, со ова ја постигна втората победа оваа седмица, откако во вторникот ги освои и изборите на Флорида.
Според резултатите од 45 отсто гласачки места, Ромни има 43 отсто гласови, поранешниот претседател на Претставничкиот дом на Конгресот, Њут Гингрич 26 отсто, конгресменот од Тексас, Рон Пол 19 отсто и поранешниот сенатор од Пенсилванија, Рик Санторум со 13 отсто.
Иако победата на Ромни е значителна во проценти, одзивот на републиканските избирачи бил скромен, па според резултатите од 45 од областите на Невада, тој вкупно освоил седум илјади гласови.
Обраќајќи се по изборите во Лас Вегас, Ромни не именувал ниеден од своите републикански противкандидати, посветувајќи го својот говор на критикување на актуелниот американски претседател Барак Обама. Тој го повторил ветувањето дека ќе го укине законот на Обама за здравствена нега, ќе ја зголеми вработеноста и ќе ја зголеми воената потрошувачка.
„Овој претседател мандатот го почна извинувајќи се во името на Америка. Сега треба да и’ се извини на Америка“, изјави Ромни обвинувајќи го Обама за 36 последователни месеци невработеност над 8 отсто, нарекувајќи го тоа „црвена линија којашто ја повлекла неговата администрација“.
Инаку сојузната држава Невада, има највисока стапка на невработеност во САД, којашто во декември изнесувала 12,6 отсто.
Ромни досега победи во три од петте сојузни држави каде се одржаа републиканските предизбори. Ромни досега обезбеди 97 делегати за конвенцијата, Гингрич 30, Санторум 16 и Пол седум. За освојување на републиканската претседателска номинација потребни се гласови од 1.144 делегати на конвенцијата.
На Ромни, кој е мормон, важна предност во Невада му донесоа гласовите на мормонските гласачи, кои сочинуваат околу четвртина од регистрираните републикански гласачи во оваа држава.
По Невада републиканските предизбори продолжуваат во вторник во сојузните држави Минесота, Колорадо и Мисури.
Гласањето за идната седмица ќе заврши во државата Мејн идната сабота, а потоа следат предизборите во Мичиген и Аризона на 28-ми февраури./крај/хи/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Свет
Русија со најава: Ги преместуваме системите „Искандер“ на границата со Финска
Русија најави дека ќе ги премести ракетните системи способни да носат нуклеарно оружје на границата со Финска. Прокремљскиот весник „Известија“ минатата недела објави дека руското Министерство за одбрана формирало посебна ракетна бригада во руската република Карелија со системи „Искандер-М“, кои можат да лансираат конвенционални и нуклеарни ракети.
Русија ја нарече провокативна, одлуката на Финска за влез во НАТО, а потоа и приемот на Шведска. Искандерите се сметаат за централен дел на новоформираниот руски воен округ Ленинград (ЛМД), кој беше создаден како одговор на пристапувањето на Хелсинки во НАТО.
Генерал-мајор Хари Ора-ахо, поранешен директор на финската воена разузнавачка агенција, го коментираше овој потег.
„Ако ова се оствари, нема да промени ништо“, напиша тој на X. „Во секој случај, ние треба да се браниме од ракетите Искандер“, рече тој, додавајќи дека такви проектили веќе се распоредени јужно од Санкт Петербург.
„Оперативно изгледа апсурдно да се приближуваат вакви ракетни системи со долг дострел до нашата граница, тие се лесни цели за нас“, додаде тој.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.