Свет
Лавров му порачал на Асад дека Русија сака крај на насилствата
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во вторникот престојува во сириската престолнина Дамаск, а на претседателот Башар ал-Асад му порачал дека Русија сака крај на насилствата откривајќи дека Сирија наскоро ќе го објави датумот на одржување референдум за новиот устав.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во вторникот престојува во сириската престолнина Дамаск, а на претседателот Башар ал-Асад му порачал дека Русија сака крај на насилствата откривајќи дека Сирија наскоро ќе го објави датумот на одржување референдум за новиот устав. Во вторникот претпладне рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Дамаск беше дочекан од илјадници приврзаници на претседателот Башар ал-Асад заблагодарувајќи се на Русија и Кина за ветото што во сабота го ставија врз резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Сирија, како и за поддршката на оваа земја.Меѓутоа, како што пишува Reuters, претставникот на земјата којашто е најголемиот снабдувач со оружје на Сирија, го потсетил претседателот ал-Асад на одговорностите.„Секој лидер на секој земја мора да биде свесен дека носи одговорност. Вие сте свесни за вашата. Во наши интерес е арапските народи да живеат во мир и слога.“, рекол Лавров, пренесува Reuters.Според агенцијата, Лавров рекол и дека „идните денови Ал-Асад ќе се сретне со комисијата задолжена за изработка на новиот устав“, којашто ја завршила работата и дека „сега ќе го објави датумот на одржувањето на референдумот за тој важен документ“.По ветото од саботата, поради предлог текстот во кој според руската и кинеската страна бил едностран со поддршка на опозицијата во земјата и може да предизвика граѓанска војна, шефот на руската дипломатија и првиот човек на руското надворешно разузнавање Михаил Фрадков пристигнаа во Сирија, како што беше најавено „за да ја стабилизираат ситуацијата“ во земјата, каде што 11 месеци се секојдневни насилствата .коишто ескалираа преку викендот со повеќе од 300 мртви во градот Хомс, како што пренесоа западните агенции.Претходно Москва се обиде да организира средба и разговори меѓу сириската власт и нејзините противници, но опозицијата го отфрли таквиот предлог. Според последните информации што ги лиферуваат сириските опозициски организации за заштита на човековите права, во вторникот биле убиени најмалку 19 лица а 40 биле ранети.Според извештајот на Обединетите нации, во 11-те месеци судири меѓу регуларните сили и одметнатите војници и опозициските групи загинале околу шест илјади луѓе. Властите на претседателот Башар ал-Асад против кого избија протестите кои преминаа во вооружени судири, тврди дека бројот жртви е околу 2.500, претежно припадници на полицијата и војската кои се напаѓани од „терористички групи оркестрирани однадвор“.Додека арапските и западните држави ги повлекуваат своите амбасадори од Сирија, Русија којашто е долгогодишен партнер на Дамаск, настојува да ги зачува своите долгогодишни политички и воени врски со Сирија, коешто е едно од нејзините места во кои има влијание во регионот на Блискиот исток.. Според аналитичарите Москва е многу претпазлива меѓу поддршката за ал-Асад тежнеењето тој да се повлече и да се намали насилството. Како што пишува Фјодор Лукјанов, уредник на магазинот „Русија“ кој се занимава со глобалните политички прашања, сега откако Русија стави вето на резолуцијата со која требаше да биде осуден режимот на ал-Асад, преку Лавров сака да порача оти „Москва сторила сé што можеше, но доколку изостана видливи промени во Сирија, тогаш (тебе ал-Асад), те очекуваат надворешни воени мерки“./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија ги повлекува војниците од Нагорно Карабах
Руските воени мировни трупи се повлекуваат од Нагорно-Карабах, потврдија официјални лица од двете земји.
Руските мировници се таму од крајот на ерменско-азербејџанската војна во 2020 година.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги потврди извештаите за повлекувањето пред новинарите, но не даде детали.
Веста за повлекувањето ја потврди и азербејџанскиот министер за надворешни работи Хикмет Хаџиев, додавајќи дека двете земји се договориле за тоа.
Хаџиев не објасни зошто војниците се повлекуваат, но се чини дека нивното присуство е излишно откако Азербејџан ја врати целосната контрола врз регионот минатата година.
Во првата половина на 1990-тите, Нагорно-Карабах беше во фокусот на меѓуетничката војна по распадот на Советскиот Сојуз, во која и Ерменија и Азербејџан беа федерални единици.
Тој регион тогаш беше под целосна контрола на бунтовничките Ерменци до војната во 2020 година, кога Азербејџан ја врати контролата врз некои од неговите делови. Таа војна заврши со прекин на огнот и распоредување на 2.000 руски војници во деловите на Нагорно-Карабах кои останаа под ерменска контрола.
Свет
Стопирани сите летови на „Алјаска ерлајнс“ во САД
Американската федерална управа за авијација (ФАА) денеска издаде препорака за стопирање на летовите на „Алјаска ерлајнс“, пишува „Ројтерс“.
Не е наведена причината за приземјувањето.
„Си-ен-би-ес“ објави дека системот на авиокомпанијата што се користи за сметање на тежината и рамнотежата за летови не работи правилно.
Алјаска ерлајнс и ФАА не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Како одговор на поплаките од патниците на социјалната мрежа „Икс“, авиокомпанијата соопшти дека работи на тоа што поскоро да ги внесе патниците во авионот.
Свет
Нетанјаху им порача на Велика Британија и на Германија: Израел сам ќе донесе свои одлуки
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел сам ќе донесе одлуки.
„Сите тие имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да биде јасно – ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки, а израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани“, рече Нетанјаху по состанокот со британските министри за надворешни работи и Германија, пишува Гардијан.
Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Џејмс Камерон изјави дека дошол на состанокот за да се солидаризира со Израел, но и дека се надева дека неговиот одговор на иранскиот напад ќе биде „паметен и што е можно поограничен“, пренесе Би-Би-Си.