Контакт

Свет

Асад ги поддржува настојувањата за стабилност на Сирија

Објавено пред

Сирија ќе соработува во сите настојувања за решавањето на кризата и стабилизирање на земјата, ја пренесе во вторникот државната новинска агенцијата SANA изјавата на претседателот Башар ал-Асад.

dobivaj vesti na viber

Сирија ќе соработува во сите настојувања за решавањето на кризата и стабилизирање на земјата, ја пренесе во вторникот државната новинска агенцијата SANA изјавата на претседателот Башар ал-Асад. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пак, рекол дека е разбрана пораката на претседателот Медведев оти Русија сака крај на крвопролевањата.„Сирија од почетокот ги поздравуваше сите напори коишто го поддржуваат сириското решение на кризата“, рекол претседателот Башар ал-Асад во вторникот во Дамаск на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. По средбата, Лавров, изјавил за новинарите дека „средбата со раководството на Сирија, со претседателот и  неговиот заменик, како и со и министерот за надворешни работи, била корисна и од суштинско значење“, пренесува сириската државна агенција.„Имавме многу корисни средби со раководството на Сирија, ја потврдивме нашата подготвеност за целосна поддршка за скорешен излез од кризата врз основа на планот изложен во иницијативата на Арапската лига од 2-ри ноември 2011 година. Така, сирискиот претседател увери дека тој е целосно посветен на завршувањето на насилството, од која и да страна тоа доаѓа“, рекол министерот за надворешни работи.Лавров истакнал дека Сирија ја потврдила важноста на продолжување на работата на арапските набљудувачи во земјата, како и зголемувањето на нивниот број за поефикасно следење на настаните и да се утврдат причините за прекршување на договорите за ставање крај на насилствата.„Јас, од друга страна, пак, за време на телефонскиот разговор со генералниот секретар на Арапската лига г нагласив дека Русија го смета за неопходен услов за решавање на ситуацијата во Сирија продолжувањето на мисијата на арапските набљудувачи и зголемувањето на нивниот број.  Во секој случај мисијата треба да ги вложи сите напори за да се запре насилството, од која и да страна тоа произлегува и да сите групи Сиријци да се привлечат кон политичкиот дијалог. За исполнување на тоа, беше направена посебна комисија предводена од заменик-претседателот на Сирија, Фарук ал-Шар, чиешто полномоштво беше потврдено од претседателот ал-Асад“, рекол Лавров .Рускиот министер за надворешни работи, нагласил дека „ги потсетивме нашите сириски колеги за поентите од пораката на претседателот Дмитриј Медведев до претседателот Башар ал-Асад, во кои се зборуваше за неопходноста потребата да се забрза долгогодишните политички и уставни реформи. Претседателот ал-Асад потврди дека во блиска иднина ќе биде претставен проектот за новиот устав на земјата, а потоа во најкраток можен рок ќе биде утврден датумот за спроведување на референдум за прашањето за неговото донесување. Потоа ќе се одржат општи парламентарни избори, со учество на сите политички партии, вклучувајќи го и новосоздадените во согласност со неодамна донесениот закон за политичките партии да се одржи, кој ќе биде во основата на новиот устав на Сирија, исклучувајќи ја повластената позиција за која и да е партија,  вклучувајќи ја и партијата Баат“. На почетокот од август 2011 година, претседателот ал-Асад донесе акт за воспоставување повеќепартиски политички систем во земјата. Со овој акт се дозволува формирање политички партии коишто ќе делуваат заедно со партијата Баат, која на власт се наоѓа од 1963 година, со уставен статус „лидер на државата и општеството“. Овој декрет тогаш беше донесен само неколку часови откако Советот за безбедност на Обединетите нации го засили притисокот врз сириските власти, осудувајќи го режимот на Асад поради „кршење на човековите права и употреба на сила врз цивили“.„Резултатите од официјалната посета на Сирија, која се одржа во име на рускиот претседател Дмитриј Медведев“ – вели за SANA Сергеј Лавров – „се многу важни и навремени“. Според него, „ јасно е дека напорите за ставање крај насилство мора да бидат придружени со почнување дијалог меѓу сите политички сили“, вели Лавров, додавајќи дека „денеска добил потврда за подготвеноста на сирискиот претседател за соработка во оваа работа“.Според Лавров, сигналот на Москва до Дамаск за активно покренување на сите насоки од решение на сириската криза – биле сослушани„Веруваме во потребата од континуирани напори за решавање на сириската криза, Русија има намера активно да го прави тоа со сириската страна, опозицијата, соседите на Сирија и со Арапската лига. Москва верува дека сите земји кои имаат влијание врз сириските опозициски групи, коишто  од која било причина одбиваат дијалог, се должни да вложат напори за да ги вклучат во конструктивен дијалог. Ние тргнуваме од јасни цели: а тие се состојат во тоа да не се дозволат цивилни жртви, како и сите странски сили се должни да ги преземат сите мерки за постигнување национално помирување преку дијалог и без мешање во внатрешните работи на земјата од надвор“, вели шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.На крајот од средбата со новинарите, сирискиот претседател Башар ал-Асад повторно ја изразил „подготвеноста на Сирија за соработка во секој напор кој ја поддржува стабилноста на земјата“, пренесува SANA./крај/са/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Инцидент во Франција: Се обиделе со дрон да достават дрога во затвор

Објавено пред

Инцидентот се случил во близина на затворот кој се наоѓа на четири километри јужно од градот Екс-ан-Прованс, во селото Луинес, пренесува „Фигаро“.

dobivaj vesti na viber

„Полицијата била известена за необична појава во близина на затворот Луинес. Беспилотно летало било над казнено-поправниот дом“, соопштија од полицијата.

Безбедносните сили го следеле сомнителното возилото кое набрзина го напуштило местото на настанот.

Возачот потоа застанал на коловозната лента на автопатот за да ги земе двајцата соучесници.

Полицајците нашле ранец со дрога и футрола за дронот.

Три лица на возраст меѓу 22 и 32 години се осомничени дека доставувале дрога на затворениците со помош на дрон.

Сите тројца се уапсени на автопатот.

Претходно францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен предупреди на трговијата со дрога во француските градови бидејќи се повеќе наркотици се доставуваат во Марсеј и други градови со скутери или автомобили од продавачите до потрошувачите.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Падна снег во БиХ и во Словенија

Објавено пред

Најавениот студен бран стигна и до Босна и Херцеговина, а од Нови Град пристигнуваат снимени видеа.

dobivaj vesti na viber

Имено снегот веќе пристигна во Нови Град, пренесува „ N1“.

По летните температури од претходните денови, пристигна најавениот студен бран, а снег паѓа во некои делови на Босна и Херцеговина.

Снег падна и во Словенија, како што пренесуваат медиумите.

Снег веќе паѓа и во Штаерска, на надморска височина под 500 метри.

Прикажи повеќе...

Свет

Ердоган за Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и израелското раководство се единствени одговорни за неодамнешната ескалација на тензиите на Блискиот Исток, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

dobivaj vesti na viber

„Израел се обидува да предизвика регионален конфликт, а неговиот напад врз иранската амбасада во Дамаск беше последната капка“, рече тој на прес-конференција во Анкара по состанокот на владата.

Тој додаде дека се можни нови регионални конфликти се додека продолжува „суровоста и геноцидот“ во Газа и ги повика сите страни да дејствуваат разумно.

Тој, исто така, го критикуваше Западот што го осуди иранскиот напад, но не и израелскиот напад врз иранската амбасада.

Иран го нападна Израел со стотици експлозивни дронови, крстаречки и балистички ракети лансирани во саботата вечерта, на што израелските власти ветија дека ќе одговорат. Иран го изврши нападот како одмазда за израелскиот напад во кој на 1 април беше срушена зградата на амбасадата во Дамаск, при што беа убиени двајца ирански генерали и неколку други офицери.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија11 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија12 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија12 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет12 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет13 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија13 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион14 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет15 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет15 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион15 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија1 ден

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија1 ден

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...