Свет
Путин против вмешување во внатрешните работи на Сирија
Светот е изложен на култот на насилството и Москва не смее да дозволи во Русија да се одигруваат настани според либиското или сириското сценарио, изјави во средата рускиот премиер Владимир Путин предупредувајќи го Западот да не се меша во внатрешните работи.
Светот е изложен на култот на насилството и Москва не смее да дозволи во Русија да се одигруваат настани според либиското или сириското сценарио, изјави во средата рускиот премиер Владимир Путин предупредувајќи го Западот да не се меша во внатрешните работи. Меѓународната заедница треба да им овозможи на луѓето од Сирија самите да ја решаваат нивните судбина, вели претседателски кандидат Владимир Путин. „Ние сме должни, безусловно, да им овозможиме на луѓето од овие земји самите да ги решаваат овие проблеми“, рекол рускиот премиер, коментирајќи ги ситуациите во Сирија и Либија.„Нашата задача е да им помогнеме да го сторат тоа без надворешно мешање“, додава Путин.Притоа Путин нагласил дека „многу јасно кажавме што мислиме за квалитетот на режимот во Либија“, истовремено истакнувајќи дека е изненаден од тоа што „денес никој не кажува што се случува во градот Сирт, и во другите градови кои го поддржуваа поранешниот либиски водач“. „А таму сé уште се случуваат ужасни злосторства, но за тоа никој не зборува, поради некоја причина тоа се заборава. Затоа што тоа се страшните последици од надворешната интервенција, особено воената“, вели Вели Путин.„Истото важи и за Сирија“, предупредува шефот на владата на Руската Федерација.„Ние секако го осудуваме секое насилство без разлика на тоа од каде тоа доаѓа, но човек не смее да постапува како слон во продавница за стакло. Помогнете им, советувајте ги, ставите ограничувања, на пример, на нивната способност за употреба на оружје, но на ниеден начин не се вмешувајте“, изјавил рускиот премиер Владимир Путин, пренесува агенцијата Итар-Тасс.Со тоа премиерот Путин ги повтори зборовите на министерот за внатрешни работи Сергеј Лавров, искажани во средата по неговото враќање од посетата на сириската престолнина Дамаск, каде разговараш со претседателот Башар ал-Асад. Путин кој се кандидираше за претседателските избори коишто ќе се одржат во март ги критикува САД и НАТО за воените интервенции во странство, од инвазијата врз Ирак во 2003 година па до бомбардирањето на Либија во 2011 година.„Култот на насилство изби во прв план во меѓународните односи последните десет години“, истакнувајќи дека тоа предизвикува загриженост и оти „ние не смееме да дозволиме што и да е слично на тоа да се случи во нашата земја“, пренесува Reuters.Опозицијата во Русија, којашто со протестите се обидува да ја оспори легитимноста на резултатите од парламентарните избори од 4-ти декември на коишто победи партијата на Путин, Единствена Русија, рускиот премиер ја обвинува дека е финансирана од Западот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Мирот во Украина е можен во секој момент, само ако Путин ги повлече своите војници
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, „варварска“ кампања и ги повлече војниците.
Шолц за „Маркише Агемајне Цајтунг“ изјави дека секогаш имало иницијативи за посредување.
„На пример, веднаш по избувнувањето на војната, Русија и Украина директно преговараа меѓу себе. Преговорите потоа пропаднаа затоа што Русија ги искористи само како изговор за истовремено да ги премести своите трупи на исток за голема офанзива“, посочи тој.
Како што тврди, токму тогаш на виделина излегле „масакрите“ во Буча и Ирпин, злосторства против човековите права извршени од страна на руските вооружени сили врз цивилното население, со што разговорите се лишени од секаква основа, пренесува медиумот.
„Малку подоцна се разговараше за договорот за жито, со успех. За жал, Путин во одреден момент повторно го откажа“, додаде Шолц.
Тој изјави дека имало разговори и за безбедноста во нуклеарната централа Запорожје и за размена на затвореници.
„Голем број земји, вклучително и Украина, во моментов разговараат на ниво на советници за безбедност за тоа што би можело да изгледа како нешто што може да доведе до мировен процес, но дозволете ми да бидам многу јасен: мирот е можен во секое време. Путин само треба да стави крај на неговата „варварска“ кампања и да ги повлече трупите“, истакна Шолц.
Свет
Паника во Лондон: На сред возење извадил нож и избол човек пред патниците
Продолжува потрагата по напаѓачот кој избоде маж во воз пред очите на преплашени патници.
Човекот кој бил нападнат се здобил со повреди опасни по живот во нападот што се случил во јужен Лондон. Засега нема уапсени, а полицијата ги повикува сведоците да дојдат во станицата.
На само тринаесет километри, друга станица е затворена и евакуирана поради дојава за напад со нож. На дел од видеата може да се види како осомничениот вчера шетал по улиците на Лондон носејќи маска, вооружен со голем нож, пренесува „Јутарњи лист“.
Од службите за превоз во Лондон подоцна соопштиле дека метро станицата Кенингтон била затворена поради инцидент со патниците, додека приказните за напад со нож кружеле на социјалните мрежи.
Според медиумите, не се пронајдени врски меѓу инцидентите во Кенингтон и Бекенхем.
Регион
Државниот хрватски инспекторат повлече KitKat чоколада од продажба
Државниот хрватски инспекторат го повлече од пазарот производот Nestle KIT KAT Mini Waffle поради присуство на минерални масла, извести Хрватската агенција за земјоделство и храна, пренесе Индекс.хр.
Како што објаснуваат во соопштението, станува збор само за Nestle KIT KAT Mini 200 грама во кесичка (производ од вафли прелиен со млечно чоколадо), серија 40580734, со рок на употреба 01.2025 година.
Производител е Nestle Deutschland AG, Франкфурт, Германија, а производот е пласиран на пазарот од Nestle Adriatic d.o.o., Загреб, Хрватска.