Свет
Во Перу убиен лидерот на Сендеро луминозо
Еден од главните водачи на перуанското герилско движење Сендеро луминозо (Sendero Luminoso- Светла патека) е пронајден мртов откако врз него стрелале безбедносните сили во зафрлената прашумска област позната по трговијата со дроги, соопшти во неделата перунаскиот претседател Оланта Умала
Еден од главните водачи на перуанското герилско движење Сендеро луминозо (Sendero Luminoso- Светла патека) е пронајден мртов откако врз него стрелале безбедносните сили во зафрлената прашумска област позната по трговијата со дроги, соопшти во неделата перунаскиот претседател Оланта Умала, објавувајќи го својот прв позначаен успех во борбата против ткн сендеристи.Флориндо Елеутерио Флорес со борбен прекар Артемио, ја водеше преостанатат група герилци кои се вклучија во трговијата со кокаин, откако оснивачите на оваа маоистичка бунтовничка групација беа затворени во крвавата војна со државата во 1990-те.Перу е најголемиот одлгедувач на кока, сировата состојка на кокаинот. Перуанската полиција за борбата против дрогите со години се обидуваше да го уапси Артемио, а САД пред две години понудија повеќемилионска награда за информација којашто ќе доведе до неовото апсење. Умала кој во 1990-те се бореше против сендеристите како офицер на перуанската армија,пред ланските избори вети дека ќе ги зголеми напорите за апсење на луѓето коишто тој ги нарекува нарко-терористи./крај/ро/.сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка, испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала нивната ќерка.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме е неописливо. Тоа може да го разбере само родителот. Неколку пати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот, ниту во кола, ниту ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле тоа. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, не навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога се ќе заврши, ќе кажеме се“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.