Свет
Традиционалните германски политички партии го губат членството
Традиционалните германски политички партии минатата година загубиле голем број членови, додека значително се зголемило членството на Зелените и Пиратите.
Традиционалните германски политички партии минатата година загубиле голем број членови, додека значително се зголемило членството на Зелените и Пиратите.Најмногу членови загубиле Либералите(ФДП), партијата што владее во коалиција со Христијанско-демократската унија(ЦДУ) на канцеларката Ангела Меркел.Како што покажа истражувањето на Емнид-Институтот, објавено во понеделник, Либералите минатата година ги напуштиле 5.400 луѓе, што е осум отсто од вкупното членство. Така оваа партија, која во моментот ја ужива довербата на само два до три отсто од гласачите, остана со 63.100 членови.Двете најголеми германски партии, ЦДУ и Социјалдемократската партија на Германија(СДП), кои со години имаа приближно ист број членови, нешто преку 500.000, првпат паднаа под таа граница.СПД, која пред 20 години имаше милион членови, не можеше сè уште да го наведе точниот број на членови на почетокот на 2012 година. Конзервативците, според сопствени наводи, имаат 489.900 членови, што е за околу 15.400 помалку од минатата годинаИсклучителен успех доживеаја само Зелените и Пиратите. Зелените се единствената партија во Бундестагот која минатата година го зголеми членството – и тоа скоро 11 отсто на 59.000 членови. Опозиционата левица, пак, исто го загуби членството.Партијата на Пиратите, која е основана во 2006 година, успеа во 2011 година да го зголеми членството за дури 8.000 луѓе, така што сега има нешто над 20.000 членови.Германските партии, покрај членарината и донациите, се финансираат и од државни средства. Тие се доделуваат врз основа на успехот на покраинските, сојузните и изборите за Европскиот парламент, но и зависно од бројот на членовите.Шефот на Емнид-Институтот Клаус Петер Шепнер оцени дека осипувањето на членството не е зачудувачко, бидејќи „партиите едноставно повеќе не се доволно атрактивни“.Проблемот е во тоа што, како што наведе, партиите во време на сè поголема „европеизација на политиката делуваа сè понемоќно“. Така „граѓаните имаат впечаток дека политичарите сè помалку можат да влијаат на случувањата“, а покрај тоа „политиката сè потешко ја разбираат“. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Суд во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.
Европа
Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство
Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.
Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.
„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.
Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.
Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.
Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.
Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.
Регион
Никола Роквиќ тргна пеш на пат долг 1.150 километри на хумана мисија
Никола Роквиќ пеш тргна кон Грција и треба да помине 1.150 километри, а сето тоа во хуманитарна мисија.
Тој и неговата сопруга Бојана неодамна ја основаа „Фондација за семејство“, а за да им помогне на оние на кои им е потребна помош, реши да направи неверојатен чекор достоен за восхит.
Треба да стигне до Егина, каде што ќе се поклони на Свети Нектариј Егински. Пред заминувањето тој со семејството ја посети црквата Свети Сава каде се помоли.
„По овој пат решив да тргнам од љубов кон луѓето и се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за радост на многумина, се надевам дека ќе биде за помош на многумина. Првенствено да помогнам на многу семејства, на многу деца, но најважно да им помогнам на болните деца, поради што во голема мера го започнав ова патување. Започнавме фондација која ќе му помага на семејството, која ќе помага на талентирани деца, на многудетно семејство, но и на болни деца“, изјави Никола во храмот Свети Сава за „Телеграф“.
Никола последниве месеци се подготвуваше за овој потфат со големи планинарски тури.