Свет
Европската комисија се труди да ја спаси АКТА
Kонтроверзниот меѓународен договор чија цел е воспоставувањето меѓународни стандарди за заштита на интелектуалната сопственост на интернет АCTA (Anti-Counterfeiting Trade Agreement),
Kонтроверзниот меѓународен договор чија цел е воспоставувањето меѓународни стандарди за заштита на интелектуалната сопственост на интернет АCTA (Anti-Counterfeiting Trade Agreement), не воведува казнување на поединците кои незаконски преземаат интернет содржини, соопшти во понеделникот Европската комисија којашто се обидува да се обезбеди ратификација и во земјите од Европската унија и во Европскиот парламент. Комесарот за трговија, Карел де Гушт, кон крајот на февруари ќе зборува пред Европскиот парламент во пролог на договорот АCTA, но и во Комисијата признаваат дека можностите за неговото прифаќање се намалени, пишува AFP.„Не верувам дека ќе мине во оваа форма. Мислам дека со договорот во овој облик нема да одиме напред“, вели претседателот на Европскиот парламент, германскиот социјалдемократ Мартин Шулц. Договорот АCTA беше потпишан на 26-ти јануари во Токио, Него досега го потпишаа 22 од 27-те земји членки на Европската унија. Зa ACTA преговараа ЕУ, САД, Јапонија, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Сингапур, Јужна Кореја, Мароко, Мексико и Швајцарија, а текстот од овој договор е осмислен за широка борба против кршењата на авторские права, од лекови и други стоки до илегално преземање содржини од интернет. Неговата ратификација предизвика бран протести, а против него се и корисниците на интернет за коишто претставуа тешко кршење на слободите.„Доколку еден од клучните преговарачи за ACTA се повлече, тоа ќе предизвика сериозни последици“, велат европските преговарачи. Доколку го одбие и само една земја од ЕУ или, пак, Европскиот парламент, најверојатно тоа ќе претставува крај за договорот. Европската комисија признава дека задоцнила со објаснувањето на карактерот на овој договор, како и дека дозволила да се развие идејата дека ACTA e инструмент за репресија Одредбите од ACTA „не се однесуваат на размените на датотеките меѓу поединци“ и не бараат од давателот на интернет услугите „да стане надзорник на интернетот во Европа“, велат од ЕК. „Крешењето на законот за интелектуална сопственост се однесува на случаи кога тоа ќе поприми комерцијални размери, на пример доколку некоја интернет страница продава датотеки и се рекламира со што генерира профит“, тврдат од Комисијата.Текстот на договорот се однесува на лековите, на фалсификувана стока, земјоделски патенти, но и нелегално преземање на содржини и на борбата против пиратеријата. Оние коишто не се согласуваат со текстот на договорот, сметаат дека тој е премногу непрецизиран, истакнувајќи дека меѓу другото на сопствениците на авторските права им овозможува злоупотреби.Противниците на донесувањето на ACTA, во кои се вклучуваат и многу европски експерти, правници, новинари и политичари, веруваат дека текстот на договорот е полн со големи опасности за иднината на интернетот, слободата на говорот и човековите права. Според нив тој содржи премногу нејасни барања, кои по избор може да се користат за да се здобијат со контрола над општество преку интернет. Поточно, во случај на прифаќање на ACTA може да се следи кои интернет страници ги посетило некое лице, и притоа да не потребна дозвола од судот или обвинител. Покрај тоа, договорот ќе им овозможи на царинските службеници да изврши увид, во согласност со договорот ACTA, прегледи на лап-топ компјутери, iPod-и и мобилни телефони врз основа на барање нелегални содржини.Противниците на ACTA се согласуваат дека оваа програма е составен дел од глобализацијата, а најголемиот дел од профитот од неговото донесување ќе оди на сметката на големите меѓународни корпорации./крај/aфп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.