Свет
Русија прави супер ласер, најмоќно оружје на светот
Русија прави супер ласер чија разорна моќ ќе биде еднаква колку хидрогенска бомба. Научниците тврдат дека тоа ќе биде најмоќното оружје на светот, а неговата изработка ќе чини 1,5 милијарди долари.
Русија прави супер ласер чија разорна моќ ќе биде еднаква колку хидрогенска бомба. Научниците тврдат дека тоа ќе биде најмоќното оружје на светот, а неговата изработка ќе чини 1,5 милијарди долари. Ласерот ќе работи на принцип на нуклеарна физика и ќе користи термонукларно оржје. Научниците планираат во лабораторија да го реконструираат процесот кој се случува во звездите или во текот на експлозија на хидрогенска бомба. Објектот од десет ката е долг 360 метри и во него ќе биде сместен ласер. Ќе го изработува Институт за истражување на експериментална физика, водечка руска нуклеарна лабораторија. Ќе биде изграден во централна Русија. Шефот на истражувачкиот тим Ради Илкаев вели дека ласерот ќе има двојна употреба. Од една страна ќе се користи за одбрамбени потреби. Процесот кој се случува во таквите направи кој ќе се изучува , неопходен е за термонуклеарно оружје. Од друга страна ласерот ќе помогне и во цивилни потреби. Се верува дека ласерската нуклеарна фузија може да биде корисна за енергетиката во иднина. Освен Руси на ласерот работат и американци и французи. Во САД се прави Национална институција за полнење, а во Франција проектот се вика Ласер мегаџул. Американската лабораторија веќе функционира на интернет, а француската ќе биде завршена годинава. Рускиот проект ќе биде готов за десетина години.Сепак русите тврдат дека нивниот ласер ке биде појак и од американскиот и од францускиот. Тој ке може да постигне сила од 2,8 мегаџули, додека францускиот и американскиот ќе имаат околу два. Кога ќе биде направен ласерот тој може да биде извор на чиста енергија за резервно гориво кое може да трае со векови. Сега како гориво за нуклеарните електрани се користи ураниум, со ласерот би се добила чиста енергија и би се направиле електрани кои ќе користат деутериум и трициум, а двата изотопи на водорот можат да се најдат во океаните во големи количини. Крај.јл.км
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.