Свет
На 26-ти февруари референдум за сирискиот устав
За нацрт уставот на Сирија којшто го подготвува комисијата формирана специјално за таа цел, ќе се гласа на референдум кој ќе се одржи на 26-ти февруари, соопшти во средата државната агенција SANA.
За нацрт уставот на Сирија којшто го подготвува комисијата формирана специјално за таа цел, ќе се гласа на референдум кој ќе се одржи на 26-ти февруари, соопшти во средата државната агенција SANA.„Претседателот Башар ал-Асад донесе указ со кој референдумот за нацрт сирискиот устав се закажува за недела 26-ти февруари“, пишува сириската државна агенција. Инаку претседателот Асад во јануари најави дека референдумот за новиот устав на Сирија ќе се одржи во март. Комисијата за подготовка на текстот за нацрт уставот ќе треба да го ограничи претседателскиот мандат на два седумгодишни периода, се наведува во текстот на дневниот весник Al-Vatan, кој вообичаено ги изнесува ставовите на владејачката Баат партија. Меѓутоа, не се наведува дали промените во сирискиот устав ќе се однесуваат и за Асад чијшто втор претседателски мандат истекува на почетокот од 2014 година. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на 7-ми февруари при неговата посета на Дамаск и по разговорите со претседателот ал-Асад Асад рече дека тој наскоро ќе го објави датумот на одржувањето на референдумот за новиот устав „а потоа ќе се одржат општи парламентарни избори, со учество на сите политички партии, вклучувајќи го и новосоздадените во согласност со неодамна донесениот закон за политичките партии, кој ќе биде во основата на новиот устав на Сирија, исклучувајќи ја повластената позиција за која и да е партија, вклучувајќи ја и партијата Баат“.На почетокот од август 2011 година, претседателот Башар ал-Асад донесе акт за воспоставување повеќепартиски политички систем во земјата. Со овој акт се дозволува формирање политички партии коишто ќе делуваат заедно со партијата Баат, која на власт се наоѓа од 1963 година, со уставен статус „лидер на државата и општеството“. Овој декрет тогаш беше донесен само неколку часови откако Советот за безбедност на Обединетите нации го засили притисокот врз сириските власти, осудувајќи го режимот на Асад поради „кршење на човековите права и употреба на сила врз цивили“./крај/са/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.
Европа
Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина
По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.
„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.
„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.
Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.
Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.
Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.
Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.
Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.