Свет
Хондурас: 270 затвореници загинаа во пожар
Властите во Хондурас соопштија дека повеќе од 270 лица го загубиле животот, во пожарот, кој избувнал во еден затвор во земјата.
Властите во Хондурас соопштија дека повеќе од 270 лица го загубиле животот, во пожарот, кој избувнал во еден затвор во земјата. Пожарот избувнал синоќа во затворот Комајаги, 140 километри северно од Тегусигалпа, информира директорот на националните затвори Данило Ортега. Според него, причината за несреќата сеуште не е утврдена, а во опција се две можности: дека пожарот го подметнале затвореници или дека е предизвикан од неисправна електрична инсталација. Шефот на локалната противпожарна бригада, Хозе Гарсија, изјави дека жртвите изгореле или се задушиле од чадот. Во Комајаги затворската казна ја издржуваат повеќе од 850 лица. Портпаролот на секретаријатот за безбедност, Иван Мехја, рече дека најверојатно многу затвореници за време на пожарот успеале да избегаат од затворот. крај/т/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“, во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател, Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детаљ од овој грозоморен терористички чин во ‘Крокус’ идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во разни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји, рече рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот „Феникс“.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за „Билд“ изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
„Наместо таксата за претходна пракса од десет евра од посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра од посета на лекар. Исклучок треба да биде земањето рецепти“, рече Аугурски, пренесува магазинот „Феникс“.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
„Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно“, изјави Грес за „Билд“.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.