Свет
Расмусен: НАТО ја поздравува иницијативата на Арапската лига за постигнување мир во Сирија
НАТО нема каков и да е план за вмешување во ситуацијата во Сирија, а го поздравува предлогот на Арапската лига за испраќање меѓународна мировна мисија во Сирија, изјави во средата генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен.
НАТО нема каков и да е план за вмешување во ситуацијата во Сирија, а го поздравува предлогот на Арапската лига за испраќање меѓународна мировна мисија во Сирија, изјави во средата генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен.„Ја ценам работата на Арапската лига. Сметам дека решение мора да се најде на регионално ниво“, изјавил Расмусен во Брисел за новинарите, по состанокот со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, пренесува дописникот на РИА Новости.Притоа Расмусен ја повторил осудата на континуираното насилство во Сирија, укажувајќи дека единствениот пат за земјата претставува „воведување на слободата и демократијата“. На итниот состанок на Арапската лига на ниво на министри за надворешни работи, што се одржа во неделата во египетскиот главен град Каиро, арапските земји апелираа до Советот за безбедност на Обединетите нации да се испрати меѓународна мировна мисија во Сирија, и ја повикаа меѓународната заедница да ги направат сите можни напори за поддршка на сириската опозиција, „како политички, така и економски“.Од друга страна, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, коментирајќи во врска со одлуката на Арапската лига за Сирија, рече дека Москва ги разгледува овие предлози. Според заменик-министер за надворешни работи, кој воедно е и специјален претставник на рускиот претседател Дмитриј Медведев за Блискиот исток, Михаил Богданов, мандатот на која и да е меѓународна мисија во Сирија мора да биде одобрен од страна на Советот за безбедност на ОН и оти тоа бара многу внимателно разгледување. Богданов истакна и дека, на пример, не е јасно дали станува збор за мисија или за мировни сили, бидејќи станува збор за различни мандати и овластувања.Москва и Пекинг под изговор дека сакаат да се избегне „либиското сценарио“ за странска интервенција, на 4-ти февруари со вето по вторпат ја блокираа резолуцијата во Советот за безбедност на ОН, којашто според нив еднострано ја осуди власта во Дамаск игнорирајќи ги извештаите на набљудувачката мисија на Арапската лига./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.