Свет
Германскиот претседател поднесе оставка
Германскиот претседател, 52 годишниот Кристијан Вулф, во петок поднесе оставка.
Германскиот претседател, 52 годишниот Кристијан Вулф, во петок поднесе оставка.Во четврток вечер државното обвинителство во Хановер соопшти дека покренало постапка за укинување на имунитетот на шефот на државата за да ги испита сомневањата дека Вулф, додека бил шеф на покраинската влада, ја злоупотребил службената положба.Ова е првпат во историјата на Германија државното обвинителство да побара укинување на имунитетот за шефот на државата за да овозможи спроведување истрага.Вулф во краткото соопштение што го прочита пред новинарите, истакна дека како „носител на политички функции секогаш се однесувал правно и коректно“, дека до душа „правел грешки, но дека секогаш бил чесен“.За обвинителството е спорна врската на Вулф со филмскиот продуцент ДавидГреневолд. Нему владата на Долна Саксонија, додека Волф бил нејзин претседател, му одобрила покритие за кредит во висина од четири милиони евра.Медиумите во врска со овој случај информираа дека Греневолд го платил престојот на претседателот во луксузниот хотел на островот Зилт на Северното море, но и дека неговата продуцентска компанија постоела само на хартија.Прес службата на Вулф, коментирајќи го овој настан, соопшти дека претседателот на Греневолд во готовина му ги вратил парите за престој во скапиот хотел, но подоцна низ медиумите се појавуваа приказни за спорните врски на претседателот со Греневолд.Изјава за медиумите најави и германската канцеларка Ангела Меркел, бидејќи нејзината владејачка коалиција вторпат за кратко време треба да се согласи за нов кандидат за претседател.Вулф е вториот претседател на Германија што за помалку од две години поднесува оставка на функцијата.Во мај 2010 година оставка поднесе Хорст Келер, како и Вулф, политичар на Христијанско-демократската унија на канцеларката Меркел, кој по острата медиумска критика заради спорниот став за воените интервенции, оцени дека во земјата не постои доволно почитување за претседателската функција. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.