Свет
Уапсен маж кој подготвувала терористички напад во Вашингтон
Полицијата во Вашингтон уапсила маж кој имал намера да изврши терористички напад на Капитол, каде заседава американскиот Конгрес, јави телевизијата Fox News
Полицијата во Вашингтон уапсила маж кој имал намера да изврши терористички напад на Капитол, каде заседава американскиот Конгрес, јави телевизијата Fox News.
Полицијата во Вашингтон уапсила маж кој имал намера да изврши терористички напад на Капитол, каде заседава американскиот Конгрес, јави телевизијата Fox News.
„Федерални агенти уапсија доселеник од Мароко, кој се упатил кон Капитол, каде што, како што се претпоставува , сакал да изврши самоубиствен терористички напад“, пренесува американската телевизиска мрежа.
Осомничениот станал цел на ФБИ, чии агенти го следеле во рамките на истрага во врска со тероризам, откако по средбата со еден прикриен агент, изразил заинтерсираност за учество во таков напад. Подоцна агентите, коишто се претставиле како членови на глобалната терористичка мрежа Ал Каеда, на 30-годишниот Мароканец му дале елек чии џебови, како што тој бил убеден, биле исполнети со експлозив.
„Ова апсење коешто е резултат на тајна операција во текот на кој безбедносните сили внимателно го следеле осомничениот. Експлозивот кој најверојатно сакал да го употреби во нападот го деактивирала полицијата и веќе не е опасен за граѓаните“, соопшти портпаролката на ФБИМажот бил уапсен во петокот на патот кон вашингтонски Капитол.
Меѓутоа извори од ФБИ нагласуваат за телевизијата дека елекот не бил исполнет со експлозив, туку со безопасна пластика.
Како што се очекува, Мароканецот ќе биде обвинет за тероризам.Како што пренесува The Washington Posт кој се повикува на неименуван американски функционер, мажот од мароканско потекло мислел дека разговара со член на Ал Каеда кога му се доверил на агентот кој делувал под лажен идентитет дека планира да го нападне Конгресот, каде што е седиштето на американскиот парламент.
Уапсен бил во близина на министерството за труд, недалеку од Капитол, каде што планирал да ги изведе самоубиствениот напад, додал истиот извор на весникот. Агентот на ФБИ којшто го следел му дал деактивиран експлозив и пиштол и не го испуштал од вид сѐ додека не бил уапсен попладнето во петокот, околу 18 часот по средоевропско време.
Полицијата задолжена за безбедноста на Конгресот во соопштението истакнува дека операцијата била „долга и сеопфатна“, како и дека „граѓаните и персоналот на Конгресот во ниеден момент не биле во опасност“.
Властите одбиле да дадат повеќе информации, имајќи предвид дека истрагата е во тек.Оваа тактика е вообичаена практика на американските разузнавачки агенции. Всушност, на осомничени или на потенцијални извршители на терористички напади им пристапуваат прикриени агенти кои им предлагаат таква можност.
Притоа не е задолжително осомничениот кој прифатил да преземал дејства за извршување терористички чин или, пак, да располага со оружје или експлозив./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.