Свет
Асад ги обвинува странските земји за финансирање терористи во Сирија
Сирискиот претседател Башар ал-Асад во понеделникот изјави дека е убеден оти неговите противници се финансирани од странски земји,
Сирискиот претседател Башар ал-Асад во понеделникот изјави дека е убеден оти неговите противници се финансирани од странски земји, одбегнувајќи директно да ги посочи, најавувајќи дека Сирија уште минатата седмица најави дека ќе предочи докази дека соседните земји ги поддржуваат „терористичките групи“, пренесува AFP, повикувајќи се на сириската државна агeнција SANА.„Сириската држава и општество се цел на терористичките групи кои примаат воена и финансиска помош однадвор за да ја дестабилизираат земјата и да ја поткопаат секоја иницијатива којашто се стреми кон изнаоѓање решение“, рекол сирискиот претседател Башар ал-Асад. Агенцијата SANA притоа забележува дека Асад ја дал оваа изјава додека во Сирија престојува претседателот на комисијата за надворешни работи на руската дума, Алексеј Пучков, кој оценил дека „безбедноста и стабилноста на Сирија се клучни за стабилноста на Блискиот исток и на целиот свет“. Ланскиот ноември, турскиот весник Milliyet пишуваше дека француски воени инструктори започнале со тренинг на вооружените сириски бунтовници со цел да се засилат борбите против режимот на претседателот Башар ал-Асад.Според весникот, Франција ги испратила своите инструктори во северен Либан и во Турција, каде што се наоѓаат камповите на таканаречената Слободна сириска армија, група составени претежно од дезертери од регуларната армија, каде што ќе ги опремат и ќе ги обучат сириските бунтовници за поефикасна борба против сириската армија и силите за безбедност.Во написот на весникот, исто така, се тврдеше дека владите на Франција, Велика Британија и на Турција „постигнале договор за испраќање оружје за бунтовниците во Сирија“. Весникот додава и дека најголемата група вооружени дисиденти се наоѓа во турската провинција Хатај, во близина на границата со Сирија.Пишувањето на турскиот весник дојде непосредно по објавувањето на информацијата дека француските и британските разузнавачки служби ги испратиле своите агенти да стапат во контакт со сириските дисиденти стационирани во градот Триполи во северен Либан, со цел да помогнат да се разгорат немирите и борбите во Сирија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Аудио) Кралот Чарлс ја испрати првата јавна порака по дијагнозата на здравјето на Кејт
Порака од кралот Чарлс беше емитувана денеска по повод годишната служба на Велики четврток.
Аудио обраќањето на Чарлс беше емитувано на собранието во катедралата Ворчестер во негово отсуство, поради тековното лекување на ракот на монархот.
Тој им порача на сите „да ја подадат раката на пријателството“.
„Актот на богослужба, овде во катедралата Ворчестер, ме потсетува на заклетвата што ја дадов на почетокот на моето крунисување, да го следам примерот на Христос „да не ми служат, туку да служам“, рече кралот.
„Тоа е она што секогаш се трудев да го правам и правам, со целото мое срце“, додаде тој.
Кралот дојде на тронот пред 18 месеци, а на почетокот на годината му беше дијагностициран рак, поради што беше подложен на хемотерапија.
Европа
Заменик-началникот на генералштабот: Британија може да се бори со Русија само 2 месеца
Британските вооружени сили мора да управуваат со оперативниот ризик, што произлегува од недостигот на ресурси што би сакале да ги имаат во идните војни, пишува „Телеграф“.
Информациите се појавија откако Грант Шапс, министерот за одбрана, им рече на пратениците дека лобирал кај премиерот, Риши Сунак, и министерот за економија и финансии, Џереми Хант, повеќе пари во буџетот да се потрошат за одбраната, но не успеал да обезбеди зголемување.
За време на сослушувањето пред пратениците во Комитетот за одбрана на долниот дом, висок офицер на кралските маринци рече: „Ние бевме многу јасни дека сумата што моментно ја трошиме за муниција не ги покрива трошоците во сите области и заканите со кои се соочуваме“.
„Бевме јасни дека треба да потрошиме повеќе пари над буџетот, на она што го нарекуваме интегрирани противвоздушни ракети“.
На прашањето на Марк Франсоа, поранешен министер за вооружени сили, дали е вистина оти Обединетото Кралство „не може да се бори со Владимир Путин повеќе од неколку месеци во целосна воена ситуација поради недостиог на резерви муниција и опрема, Шапс додаде дека секој таков конфликт ќе се води заедно со сојузниците од НАТО, кои заедно би можеле да ја совладаат Русија, наместо само Велика Британија.
„За луѓето што гледаат и слушаат дека Велика Британија не е подготвена за војна исклучиво со Русија, важно е да разберат дека сме во НАТО и постои меѓусојузнички одбранбен договор Член 5, така што никогаш не би биле во таква ситуација“.
Во еден извештај пратениците рекоа дека на вооружените сили им требаат повеќе средства за „учество во операции додека развиваат воена готовност“ или ќе мора да го намалат „оперативниот товар“ на војската.
Поранешните воени началници на комитетот му кажаа дека вооружените сили се ослабени од 2010 година и дека „во конфликт со еднаков противник тие ќе бидат исцрпени по првите неколку месеци од распоредувањето“.
Шапс исто така им рече на пратениците дека лекциите научени од војната во Украина ја покажале важноста на војната со беспилотни летала бидејќи е смртоносна и евтина.
„Ова во Украина е веројатно првата вистинска војна со беспилотни летала и мислам дека никогаш повторно нема да видиме војна која не вклучува тешка употреба на беспилотни летала“, рече тој.
Минатиот месец Обединетото Кралство објави дека, заедно со Латвија, ќе ја предводи новата коалиција за испорака на илјадници беспилотни летала „камикаѕе“ во Украина во услови на растечки недостиг на муниција на фронтот.
„Дроновите ги нарушуваат нормалните факти за војната. Обично секоја генерација станува поскапа за да има смртоносен ефект, но всушност беспилотните летала, кои понекогаш чинат неколку илјади фунти, може да бидат крајно смртоносни“, рече Шапс.
Сепак, тој предупреди дека „основното војување и муницијата“ остануваат важни во секој иден конфликт.
Регион
Полицајци и пожарникари пристигнуваат пред куќата каде што исчезна Данка
Во Бањско Поле во Србија пристигнуваат уште полициски сили и пожарникари во околината на викендичката на семејството Илиќ во близина на која последен пат била видена малата Данка Илиќ по која веќе трет ден се трага.
Покрај пожарникари и полиција, на самото место има и багер, иако сè уште нема официјални информации зошто. Репортерот на српски „Телеграф“ јавува дека полицијата отвора шахти околу куќата на семејството Илиќ.
Како што објави „Телеграф“, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.
Данка Илиќ исчезна во вторникот во 13.45 часот кога мајка ѝ му давала вода на другото дете.
По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи, како и многубројни мештани. По 27 часа, српската полиција го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поле.