Свет
Над 7.600 жртви во сирискиот конфликт, јавуваат опозициските активисти
Бројот на загинатите во судирите во Сирија коишто почнаа во март 2011 година надминал 7.600 луѓе, јавува во средата AFP повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон, додека Слободната сириска армија (FSA) се обидува да дојде до градот Хомс.
Бројот на загинатите во судирите во Сирија коишто почнаа во март 2011 година надминал 7.600 луѓе, јавува во средата AFP повикувајќи се на Сириската опсерваторија за човекови права (OSDH) со седиште во Лондон, додека Слободната сириска армија (FSA) се обидува да дојде до градот Хомс. Какао што пренесува агенцијата наведувајќи соговорник од OSDH, од вкупната бројка од 7.600 жртви во Сирија, повеќе од 5.500 се цивили, 1.700 се припадници на владините безбедносни сили – војници и полицајци, а повеќе од 400 се воени дезертери коишто вооружени пребегаа на страна на опозицијата којашто бара повлекување од власта на претседателот Башар ал-Асад.Истовремено во средата AFP јавува дека припадниците на Слободната сириска армија (FSA) коишто се борат против војската и полицијата, се обидуваат да достават храна до населението од квартот Баба Амр во градот Хомс, каде веќе трета седмица се водат борби.Жител на Хомс кој се претставил како опозициски борец Омар Шакер преку скапј контактирал со агенцијата информирајќи дека „FSA е задолжена за доставување на храна и давање засолниште за населението“, но дека тоа тешко може д асе оствари бидејќи владините сили „стрелале врз сé што се движи“. Како што додал Шакер, опозициските борци организирале засолништа во училиштата и џамиите. Според претставникот на Генералното претставништво на сириската револуција, Хади Абдалах, FSA „помага колку што може“, но дека „средствата се ограничени“, како и дека примарна задача е да се одбрани населбата Баба Амр.Во населбата, според процените се наоѓаат уште 90 илјади луѓе. Според претходните информации од средата загинале 13 цивили, меѓу кои Американка и Французи.Како што пренесе Reuters, убиени сее Американката Мари Колвин, која работела за британски Sunday Times и францускиот фоторепортер Реми Ошлик, кои биле искусни известувачи од воените подрачја, додека AFP извести дека во бомбардирањето на врз прес-центарот што го основале бунтовничките борци во Хомс биле ранети тројца други новинари. Во јануари во Хомс, загина францускиот репортер Жил Жакие./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.