Свет
Договорот АКТА пред Европскиот суд
Европската комисија во средата реши да побара мислење од Европскиот суд во Луксембург дали контроверзниот ,меѓународен трговски договор против пиратеријата ACTA е во спротивност со основните човекови права и слободи.
Европската комисија во средата реши да побара мислење од Европскиот суд во Луксембург дали контроверзниот ,меѓународен трговски договор против пиратеријата ACTA е во спротивност со основните човекови права и слободи. „Имаме намера од највисокиот европски суд да побараме оцена дали ACTA на кој и да е начин не е во согласност со темелните права и слободи во Европската унија, како што се слободата на изразувањето и информирањето или заштитата на податоците и сопственичките права во случај на интелектуалната сопственост“, изјави комесарот за трговија, Карел Де Гушт. „Последните седмици процесот на ратификација на ACTA предизвика широка полемика во Европа за слободата на интернет и важноста за економијата во заштитата на европската интелектуална сопственост. Сакам да бидам целосно јасен, ја споделувам загриженоста на луѓето за основните слободи и го поздравувам тоа што луѓето толку активно ја изразија својата загриженост, особено во поглед на слободата на интернет. Разбирам исто така дека постои несигурност околу тоа што договорот ACTA навистина значи за овие клучни прашања“, истка Де Гушт. „Оттаму верувам дека е потребно договорот ACTA да биде испратен до Европскиот суд на правдата. Расправата мора да се води врз основа на фактите, а не врз база на погрешни информации и шпекулации, коишто доминираа на социјалните мрежи и блогови изминатиов период“, додава еврокомесарот за трговија. Де Гушт, притоа рече дека цел на овој меѓународен договор е да се подигнат светските стандарди во поглед на јакнењето на интелектуалната сопственост и дека договорот ACTA не воведува нови прописи, како и дека нема ништо да промени во користењето на интернетот и општествените мрежи, дека нема да овозможи цензура ниту затворање на интернет ресурси. Договорот ACTA (Anti-Counterfeiting Trade Agreement) на 26-ти јануари во Токио, го потпишаа 22 земја членки на Европската унија. Зa ACTA преговараа ЕУ, САД, Јапонија, Канада, Нов Зеланд, Австралија, Сингапур, Јужна Кореја, Мароко, Мексико и Швајцарија, а текстот од овој договор е осмислен за широка борба против кршењата на авторские права, од лекови и други стоки до илегално преземање содржини од интернет. Текстот на договорот се однесува на лековите, на фалсификувана стока, земјоделски патенти, но и нелегално преземање на содржини и на борбата против пиратеријата. Оние коишто не се согласуваат со текстот на договорот, сметаат дека тој е премногу непрецизиран, истакнувајќи дека меѓу другото на сопствениците на авторските права им овозможува злоупотреби.Потпишувањето на овој договор поттика бран незадоволство и масовни протести низ цела Европа.Противниците на донесувањето на ACTA, во кои се вклучуваат и многу европски експерти, правници, новинари и политичари, веруваат дека текстот на договорот е полн со големи опасности за иднината на интернетот, слободата на говорот и човековите права. Според нив тој содржи премногу нејасни барања, кои по избор може да се користат за да се здобијат со контрола над општество преку интернет. Поточно, во случај на прифаќање на ACTA може да се следи кои интернет страници ги посетило некое лице, и притоа да не потребна дозвола од судот или обвинител. Покрај тоа, договорот ќе им овозможи на царинските службеници да изврши увид, во согласност со договорот ACTA, прегледи на лап-топ компјутери, iPod-и и мобилни телефони врз основа на барање нелегални содржини.Противниците на ACTA се согласуваат дека оваа програма е составен дел од глобализацијата, а најголемиот дел од профитот од неговото донесување ќе оди на сметката на големите меѓународни корпорации./крај/aфп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Европа
Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“
Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.
Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.
Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.
Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.
Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.
Европа
Столтенберг: НАТО работи на испорака на повеќе „Патриоти“ во Украина
НАТО работи на испраќање повеќе системи за противвоздушна одбрана во Украина, изјави генералниот секретар Јенс Столтенберг, додавајќи дека доцнењето во обезбедувањето таква помош им наштетува на напорите на Киев да се спротивстави на руските напади.
„Собравме податоци за различните системи за противвоздушна одбрана што ги имаме во НАТО и се фокусиравме на системите „Патриот“. И ние работиме со сојузниците за да се осигураме дека тие прераспоредуваат некои од нивните системи во Украина“, изјави тој за новинарите на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Италија.
„Работиме на можноста за испорака на повеќе батерии „Патриот“ за Украина. Водиме дијалог со некои земји“, рече Столтенберг, нарекувајќи го снабдувањето на „Патриотите“ „критично“, бидејќи тоа е најнапредниот одбранбен систем на кој алијансата може да смета.
Столтенберг рече дека други одбранбени системи, вклучително и ракетниот систем земја-воздух НАСАМС, може да и бидат доставени на Украина. Тој додаде дека состанокот на Советот НАТО-Украина ќе се одржи утре и дека се очекува виртуелно да учествува украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Охрабрен сум од посветеноста и одлучноста на сојузниците во НАТО да застанат во одбрана на Украина“, им рече тој на новинарите, додавајќи дека има охрабрувачки знаци дека американскиот Конгрес наскоро би можел да го отклучи пакетот помош од 60,84 милијарди долари за Украина.