Свет
Клинтон: Националниот совет на Сирија заслужува доверба како претставник на народот
Американската државна секретарка Хилари Клинтон во четвртокот го нарче опозицискиот Сириски национален совет „претставник на народот“ на таа земја, кој ја заслужува довербата, како и дека сириската опозиција сама ќе се вооружи.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон во четвртокот го нарче опозицискиот Сириски национален совет „претставник на народот“ на таа земја, кој ја заслужува довербата, како и дека сириската опозиција сама ќе се вооружи. „Меѓу арапските и другите држави, коишто ја организираа таа конференција („Пријатели на Сирија“ – з.р.) има консензус дека Сирискиот национален совет е претставник на народот на Сирија, кој ја заслужува довербата, и тоа е причината зошто тој е поканет“, изјави Хиалри Клинтон на прес- конференцијата во Лондон, како што ја цитира AFP.Претходно, Тунис ја промовираше иницијативата за одржување на првата меѓународна конференција на „Пријатели на Сирија“.Групата „Пријатели на Сирија“ поддржана од западните земји и од Арапската лига, во петок ќе се состане во Тунис за да постигне меѓународен договор како да им се стави крај на судирите во Сирија, а се очекува дека ќе го засили притисокот врз сирискиот претседател да отстапи од функцијата.Кина нема да биде застапена на конференцијата во Тунис, јави претходно во четвртокот агенцијата Синхуа, повикувајќи се на изјава на портпаролот на министерството за надворешни работи, Хонг Леи.И Русија ја одби поканата за учество на оваа конференција, изјавувајќи дека тоа го сторила бидејќи на средбата не е поканета и Сирија.Американските претставници во рамките на групата „Пријатели на Сирија“, изјавија дека од претеседателот Асад ќе настојуваат што побрзо да овозможи хуманитарен пристап до цивилите кои се под оган на армиските сили. На состанокот во Тунис е најавено присуството на претставници на повеќе од 70 земји и меѓународни организации.Покрај тоа, државната секретарка на САД Клинтон изјави дека сириската опозиција за извесно време ќе располага со поефикасни средства за одбрана и за спроведување офанзивни дејствија.„Од каде и да е еден ден тие (опозицијата) ќе најдат средства за самозаштита како и средства за да се спроведе офанзивни операции“, изјави Клинтон.Клинтон велејќи дека и’ се чини оти сириската опозиција на крајот самата ќе се вооружи , исто така, рече и дека е убедена оти сирискиот претседател Башар ал-Асад, нема да остане на власт.Таа обраќајќи им се директно на Русија и Кина, кои ставија вето на двете резолуции на Советот за безбедност на ОН, за осуда на режимот на Асад, бидејќи според нив не ги повикува на одговроност и двете страни во конфликот, изјави дека бруталност на владата во Дамаск против сопствениот народ е нешто што не може да се одржи долго време.Американската државна секретарка на новинарите во Лондон им изјави дека „стратегијата што ја спроведуваат Сиријците и нивните сојузници е таква што не одржлива на подолг период“.„Ќе има сѐ повеќе оспособени припадници на опозициските сили. Тие од некаде и некако ќе најдат начин да се одбранат и да започнат со офанзиви. Јасно ми е дека во еден момент ќе дојде до решавачи момент. Сакам тоа да се случи што побрзо за да се спасат што повеќе човечки животи и воопшто не се соменвам дека ќе се дојде до таа точка“, рече Клинтон./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.
Свет
(Видео) Пратеник во ЕУ пушти гулаб во знак на мир
Словачки пратеник во Европскиот парламент денеска привлече внимание со пуштање жива птица од говорницата по својот говор. Како што рече, тоа го направил во знак на мир во светот.
На збунетост и изненадување на присутните претставници во Стразбур, Мирослав Радачовски, лидер на десничарската партија Словачки патриот, посегна во чантата што ја имаше под јакната и го пушти гулабот да одлета во собраниската сала.
Тој рече дека „сака мир за целиот свет, за Русите и Украинците“.
„Би сакал да го ослободам овој гулаб како симбол на мирот, да симболизирам дека на Европа ѝ треба мир. Да оставиме овој гулаб да нѐ обедини сите“, рече Радачовски.
Сепак, иако сакаше да ги обедини присутните, некои ги згрози.
Каролин Руз, француска пратеничка во Европскиот парламент од редовите на зелените, го критикува велејќи дека користел живо животно за да даде политичко мислење, што е спротивно на правилата на парламентот.
„Тој употреби животно, скриено во неговата торба како едноставен предмет, само за да даде изјава за мир денес. Што ќе направите за да го вратите ова животно, господине? Каде е благосостојбата на животните во гестот на овој говорник? Сметам дека ова е апсолутно неприфатливо“, рече Руз.
Додека птицата леташе во салата, друг колега го праша Радачовски: „Можеш ли да ја фатиш“.
Јан-Кристоф Отјен, заменик-претседател на парламентот, рече дека инцидентот ќе биде пријавен кај претседателот на домот, додавајќи: „Се надеваме дека животното ќе биде добро“.