Свет
Портпаролот на Путин потврди дека се подготвувал атентат
Портпаролот на рускиот премиер Владимир Путин, Дмитри Песков ја потврди информацијата за спречување на атентат врз него, што утрово ја објави рускиот Прв Канал.
Портпаролот на рускиот премиер Владимир Путин, Дмитри Песков ја потврди информацијата за спречување на атентат врз него, што утрово ја објави рускиот Прв Канал.
„Ја потврдувам информацијата, но засега нема да ја коментирам“, изјави Песков за Итар-Тасс, пренесува Бета.
Песков објасни дека во Одеса, Украина се уапсени лица за кои е распишана меѓународна потерница. Од нивниот исказ произлегува дека атентатот сакале да го извршат во Москва, веднаш по претседателските избори.
На телевизиска снимка објавена утрово две уапсени лица зборуваат дека делувале по налог на водачот на чеченските бунтовници, Док Умаров и дека за нападот се подготвувале во Одеса.
„Ни рекоа прво да дојдеме до Одеса и да научиме да правиме бомби. А после тоа, во Москва ќе изведете напади на комерцијални цели, а на крај ќе изведете атентат врз Путин“ рече човекот по име Пјанзин.
Другиот човек на видео снимката, по име Адам Осмајев рече дека крајниот рок за изведување на атентатот бил после изборите на 4. март, на кои како што се очекува, Путин ќе освои трет претседателски мандат.
Пред четири години на денот на претседателските избори, 2-ри март 2008 година, специјалните служби, како што беше тогаш соопштено, спречија атентат над Путин, кој во тоа време беше претседател на државата. /крај/бета/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.