Свет
Земјите од ЕУ ги повлекуваат амбасадорите од Белорусија
Земјите членки на Европската унија се согласија да ги повлечат своите амбасадори од Белорусија како одговор на отповикот на Минск на својот постојан претставник во Европската унија и амбасадор во Полска, објави во вторникот шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон.
Земјите членки на Европската унија се согласија да ги повлечат своите амбасадори од Белорусија како одговор на отповикот на Минск на својот постојан претставник во Европската унија и амбасадор во Полска, објави во вторникот шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон.„Во знак на солидарност и единство се согласивме сите амбасадори на земјите членки на ЕУ во Минск да бидат повикани на консултации во националните престолнини“, се наведува во соопштението на Ештон што го цитира РИА Новости.Според шефицата на дипломатија на ЕУ, таа го повлекла во Брисел шефот на мисијата на ЕУ во Минск и ќе одржи итен состанок во белгискиот главен град со постојаните претставници на 27-те земји членки на Унијата.„Ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, се додава во писмената изјава на Кетрин Ештон.Портпаролот на министерството за надворешни работи на Белорусија, Андреј Савињих во вторникот изјави дека Белорусија го повлече својот постојан претставник во Европската унија и амбасадор во Полска, како одговор на проширувањето на санкциите на ЕУ спрема Минск.Покрај тоа, на шефот на белоруската мисија на ЕУ во Белорусија и амбасадорот му било предложено „да отпатува во свјот главен град, за на своето раководство да му ги пренесе цврстите позиции на белоруската страна за неприфатливоста на притисоците и снакциите“, изјави Савињих.Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, изјави дека одлуката на Белорусија да се отповика амбасадорот во Полска и шефот на претставништвото во Европската унија е „непријателски чин“.Земјите на ЕУ се согласија во понеделникот да се прошири „црната листа“ на претставници на Белорусија, кои се предмет на „рестриктивните мерки“. Станува збор за фунционери на полицијата и судовите, кои се сметаат за одговорни за апсења и осудување на противниците на режимот. Санкциите вклучуваат замрзнување на нивните средства и забрана за влез во Унијата./крај/рн/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.