Свет
На иранските избори предност имаат приврзаниците на ајатолахот Хамнеи
Приврзаниците на неприкосновениот ирански врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи освоиле повеќе од 75 отсто од местата во парламентот на општите избори во Иран, покажаа најновите резултати од пребројувањето на гласовите објавени во неделата.
Приврзаниците на неприкосновениот ирански врховен верски лидер ајатолахот Али Хамнеи освоиле повеќе од 75 отсто од местата во парламентот на општите избори во Иран, покажаа најновите резултати од пребројувањето на гласовите објавени во неделата.Пребројувањето на гласовите од изборите е речиси при крај, пренесуваат иранските медиуми, истакнувајќи дека претседателот Махмуд Ахмадинеџад до крајот на својот мандат ќе има наспроти себе парламент кој не му е наклонет. Парламентарните избори во Иран се одржаа во петокот а се сведоа на борба меѓу двете конзервативни струи во иранското општество, околу рпетседателто Махмуд Ахмадинеџад и околу ајатолахот Али Хамнеи, бидејќи реформистите чиишто лидери претежно се во домашен притвор, ги бојкотираа овие избори. Конечните резултати од изборите, така, нема да имаат големо влијание врз иранската надворешна политика, вклучувајќи го и спорот со Западот околу контроверзната нукеларна програма што ја развива Техеран, но струјата на Хамени доби силна поддршка и предност пред претседателските избори коишто ќе се одржат во 2013 година.Со 90 отсто од пребројаните гласачки ливчиња, се очекува дека приврзаниците на ајатолахот ќе заземат три четвртини од 290-те места во иранскиот парламент – Меџлисот. Од 30-те пратенички места во Техеран првичните резултати покажуваат дека следбениците на Хамнеи освоиле 19 места, а приврзаниците на Ахмадинеџад остатокот од мандатите. Струјат ана Хамнеи победил аи во светите градови Ком и Машад, а се во водство и во Исфахан и Табриз, градови во коишто на изборите во 2008 година 90 отсто од избирачите го поддржаа Ахмадинеџад,Во многу провинциски градови добро минале на изборите и независните и женските кандидати коишто промовираа зајакнување ма стопанството и подобрување на животниот стандард на населението.Аналитичарите сметаат дека е тешко да се споредуваат резултатите со составот на парламентот на заминување, бидејќи претходно приврзаниците на Ахмадинеџад и Хамнеи беа обединети и заземаа 70 отсто од местата во иранскиот парламент. /крај/мф/снCopyright 2012 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.