Свет
Руската опозиција ги оцени изборите како фарса
Руската опозициска коалиција во понеделникот навечер на плоштадот Пушкин во престолнината Москва го одржа митингот под наслов „За фер избори“ , оценувајќи ги како фарса претседателските избори од неделата
Руската опозициска коалиција во понеделникот навечер на плоштадот Пушкин во престолнината Москва го одржа митингот под наслов „За фер избори“ , оценувајќи ги како фарса претседателските избори од неделата на коишто уште од првиот круг победи актуелниот премиер Владимир Путин од владејачката Единствена Русија. „Бараме крај на политичката репресија, истраги за масовните кражби, политичка реформа и предвремени парламентарни и претседателски избори“, рекол еден од опозициските лидери Владимир Рижков, кој на насобраните има ја прочитал резолуцијата на организациониот комитет. „Овие избори се фарса. Власта не е легитимна. Ќе ја продолжиме нашата мирна акција се до исполнувањето на нашите барања“, додал Рижков. Според агенциите вкупно околу 200 лица биле приведени на протесните собири во Москва и Санкт Петербург, од кои според московската полиција неколку десетици во Москва биле националисти. Странските агенции јавуваат дека на протестите против Владимир Путин, бил приведен и писателот Едуард Лимонов.Портпаролот на нерегистрираната партија Поинаква Русија, Александар Аверин, изјавил дека е уапсени 100 лица. Според организаторите на протестот на него учествувале повеќе од 20 илјади опозициски активисти, додека според московската полиција нивниот број се движел околу 14 илјади лица, пренесува РИА НовостиРуската невладина организација Голос којашто имаше набљудувачи на изборите соопшти дека претседателските избори на коишто во првиот круг надмоќно победи премиерот Владимир Путин, „не биле ниту слободни, ниту правични“. „Претседателските избори не беа ни слободни, ни праведни, ниту одговорија на барањето на руското законодавство, ниту на меѓународните норми“, се наведува во соопштението на оваа невладина организација што го цитира AFP.Невладината организација којашто тврди дека примила околу две илјади забележи на избирачи за кршење на изборните правила (во Русија инаку се гласа на вкупно околу 95 илјади избирачки места), оценува дека на денот на изборите имало многу кршења на изборните правила, но дека „кражбите биле помалку видливи“ отколку на парламентарните избори во декември, по коишто почна бранот протести на руската опозиција најголеми во последните 12 година.Голос посебно укажува на отворање на избирачки места на работни места и на наводен притисок врз избирачите во таквите услови. Веб камерите поставени на околу 60 илјади избиралишта, по иницијатива на Владимир Путин, биле само делумно ефикасни, оценуваат во Голос (Глас). Според нив, на повеќе избирачки места камерите биле далеку од изборните кутии и местата на коишто избирачите ги добивале гласачките кутииСпоред активист на здружението „Граѓанин набљудувач“ станува збор за масовна изборна кражба. Тој смета дека имало многу повеќе манипулации отколку на парламентарните избори од 4-ти декември, објаснувајќи го тоа со тоа што „властите смислиле нови форми, како што се виртуелни и затворени избирачки места, дополнителни листи, па така е тешко и да се докажат тие видови кражба“. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Сите вмешани во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ кај Москва мора да бидат казнети
Сите поттикнувачи, спонзори и организатори на терористичкиот напад на концертната сала „Крокус“ ,во предградието на Москва, мора да бидат идентификувани и казнети, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
„Руските разузнавачки и агенциите за спроведување на законот го истражуваат и испитуваат секој детал од овој грозоморен терористички чин во „Крокус“, идентификувајќи ги сите инволвирани страни, вклучително и поттикнувачите, спонзорите и организаторите. Никој од нив не смее да избега од праведна казна“, нагласи Путин.
Зад терористичките напади во различни делови на светот стојат и радикални групи и разузнавачки служби на одделни земји , кажа рускиот лидер, пренесен од руските медиуми.
„Несомнено, меѓународниот тероризам останува една од најголемите закани на 21 век“, истакна Путин.
.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Свет
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија повторно би можеле да плаќаат такса за лекување во ординации
Во борбата против постојано зголемувањето на трошоците за здравствена заштита во Германија економските експерти предлагаат поголемо учество на обврзниците на здравственото осигурување и повторно воведување надоместоци за здравствена заштита, односно лекување во ординациите на општа пракса, пишува магазинот „Феникс“.
Шефот на Одделот за здравствена компетентност при Институтот за економски истражувања во Рајнише Вестфален Лајбниц (РВИ), Борис Аугурски, за „Билд“ изјави дека укинувањето на здравствената такса во лекарските ординации е грешка.
„Наместо таксата за претходна пракса од десет евра од посета на лекар, подобро е, на пример, да земете пет евра од посета на лекар. Исклучок треба да биде земањето рецепти“, рече Аугурски, пренесува магазинот „Феникс“.
Стефан Грес, здравствен економист од Фулда, се залага за значително зголемување на прагот на придонесот.
Постепено треба да се зголеми од сегашните 62.100 евра годишно на 90.600 евра годишно.
„Тоа значи дека компаниите за здравствено осигурување би можеле да заработуваат околу десет милијарди евра повеќе годишно“, изјави Грес за „Билд“.
Од друга страна, економистот од Фрајбург, Бернд Рафелхусен, повикува на здравствени придобивки независно од платата.
– Доколку сакате да платите помала такса, мора да ја зголемите месечната здравствена такса. Компаниите за здравствено осигурување мора да се вклучат за да им помогнат на луѓето кои не заработуваат доволно, рече Бернд Рафелхузен.
Пациентите со задолжително здравствено осигурување во Германија до крајот на 2012 година требаше да плаќаат квартален надоместок од десет евра за лекување и стоматолошки третман. Таксата беше укината во 2013 година.